Да имате повеќе од една жена можеби звучи забавно, но тоа може да ве убие.rnrn
rnrnИмањето повеќе љубовни врски истовремено може да му наштети на вашето срце, покажуваат новите прелиминарни истражувања од Саудиска Арабија.rnrnНаучниците истражувале повеќе од 600 мажи во брак на кои им биле направени рендгенски снимки на срцата и откриле дека оние кои практикувале полигамија – ова било во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати – биле 5 пати поблиску да добијат коронарна артериска болест отколку мажите кои имале само една сопруга.rnrnИстражувачите веруваат дека поврзаноста можеби потекнува од стресот кој е предизвикан од одржувањето повеќе љубовни врски истовремено.rn
„Секое семејство мора да биде третирано фер и еднакво, и има големи шанси финансискиот и емоционалниот товар кој произлегува од одржувањето врска со повеќе сопруги, па дури и повеќе семејства со деца, да биде многу голем“ – кажува Др. Амин Доула.
rnНа пример, мажите кои издржуваат повеќе семејства можеби ќе треба да се вработат на второ работно место или секојдневно да поминуваат долг пат за подобро платена работа.rnrnОвој додатен притисок кај мажите може да предизвика да вежбаат помалку, да се хранат повеќе или да почнат да пушат цигари или да пијат алкохол – навики кои го зголемуваат ризикот за добивање срцеви болести.rnrnХроничниот стрес може да го зголеми крвниот притисок и да го изложи телото на нездраво покачено ниво на хормоните на стресот, како што се кортизолот и епинефринот. Со текот на времето, овој вид продолжена стимулација може да има негативен ефект на вашето срце, додава Др. Доула.rnrnРезултатите од ова истражување не ги исклучува мажите кои немаат сопруга во својот живот. Ако сте сами и имате повеќе девојки, стресот кој произлегува од ваквите постапки може да резултира со слични здравствени ризици.rnrnСовет: Изберете една жена, бидете со неа, третирајте ја со почит и љубов. Вашата совест ќе остане чиста и благодарна, а вашето срце здраво како дрен.