Ако сте имале среќа да пораснете со вашата баба, вашите сеќавања од детството најверојатно се исполнети со чувство на сигурност и уживање. Но дали некогаш сте помислиле дека постои биолошка разлика помеѓу бабата по вашата мајка и бабата по вашиот татко? Ако им верувате на научниците, помеѓу внуците и бабата по мајка, покрај љубовта, постојат и уште неколку посебни врски.rnrn
rn
Неспорна генетика
rnГените на некој начин претставуваат единици за наследување составени од ДНК. Генетичарите сметаат дека внуците делат 25% од нивната ДНК со нивните баби и дедовци. Гените се наследуваат и од бабата и од дедото, но најмногу од бабата по мајка. Според научниците, причината е тоа што нивните гени имаат поголемо влијание на потомците.rnrnСе верува дека тоа е поради врската по Х хромозомот. Имено, бабата по мајка им пренесува на децата 25% од Х хромозомот, додека бабата по татко пренесува еден Х хромозом кај женските внуци. Кај машките нема никакво пренесување на хромозоми. Па што значи ова за односот на внуците и родителите на таткото?rnrnПостојат повеќе теории, но повеќето научници веруваат дека станува збор за „татковска неизвесност“, односно мајката и нејзината мајка се 100% сигурни дека огледуваат нивно дете, додека татковците и нивните родители потсвесно не се целосно сигурни бидејќи тие не се на страната која учествува во раѓањето.rn
Сосема поинаква блискост
rnБабите по мајка се многу поблиски со нивните внуци, барем така сметаат научниците. Во многу семејства, бабата по мајка презема поголема одговорност за децата и минува повеќе време со нив. Тие вложуваат во нивните внуци и повеќе се грижат за нив.rn
Единствена улога
rnЕдно истражување покажало дека од сите родители на нашите родители, најприврзани сме со бабата по мајка бидејќи гените „прескокнуваат“ една генерација (на мајката и таткото). Па, можеби токму поради тоа подобро се сложувате со бабата и дедото, одошто со вашите родители.rnrnЗнаевте ли дека бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци?
