КАФЕ ПАУЗА

Љубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасуди

Љубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасуди

Нивната љубовна приказна значително се разликува од останатите во Холивуд, но тоа не значи дека вреди помалку. Цели 10 години откако врховниот суд во Лос Анџелес ја поништи забраната против истополовите бракови, водителката Елен Деџенерис и актерката Порша де Роси им пркосат на сите кои сметаат дека немаат право на љубов.rnrnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrn

„Откако ја запознав Елен, мојот живот целосно се промени. Претходно мислев дека за да бидете силни и независни не ви е потребен никој во животот. Но таа ме научи дека колку повеќе сте ранливи, нежни и им дозволувате на луѓето да го видат вашето вистинско лице, толку посреќни сте и повеќе луѓе ве сакаат. Елен во целост го промени мојот поглед кон животот. Поради неа помалку размислувам за тоа што другите го мислат за мене. Ме научи дека не морам да глумам и да бидам некој друг, а тоа е најголемиот дар што можам да го добијам од некого.“

rnСо овие зборови Порша ја опишала нејзината врска со една од најпознатите водителки на денешницата. Токму тие две ги срушија предрасудите како во Холивуд, така и ширум светот, сметајќи дека најважно е да бидете среќни со некого без разлика дали сте ист или различен пол. Денес тие се едни од најпознатите геј парови.rnrnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrnrnКога Порша прв пат ја здогледала Елен, тоа за неа било љубов на прв поглед.rn

„Знаев дека Елен е онаа вистинската уште кога прв пат ја погледнав, но ми беа потребни 3 години да ѝ кажам како се чувствувам бидејќи во тој период снимав и сè уште ѝ немав откриено на јавноста дека сум геј. Мислев дека тоа ќе има влијание на мојата кариера, па врската со најпознатата лезбејка на светот не ми беше на листата со приоритети. Такво нешто ми се немаше случено никогаш и од таа средба ми беше навистина тешко да ја извадам Елен од главата.“

rnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrnrnДури неколку години подоцна, кога се начекале на некое снимање, Порша се одлучила да ѝ пријде на Елен.rn

„Едноставно ѝ пријдов и се поздравив. Колената ми се тресеа, чувствував неверојатна возбуда, но ѝ кажав што чувствувам дури после 10 месеци.“

rnВрската ја започнале во декември 2004-та година, кога Елен сè уште била во врска со фотографката Александра Хедисон, а Порша само што се развела од Мел Меткеф. Самата изјавила дека била во брак само за зелена карта.rnrnБидејќи и двете биле свесни за неверојатната привлечност, решиле да бидат искрени со нивните партнери.rnrnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrnrnЉубовната врска започнала на 1-ви декември на доделувањето на наградите „Big“ од VH1, а првото излегување не завршило со романтична вечера или забава, туку со возење во автомобил каде што разговарале и подобро се запознале.rnrnНабрзо потоа го почнале нивниот заеднички живот и го нашле нивниот дом од соништата. Моментално чуваат коњи, кучиња и мачки за кои велат дека им се како деца бидејќи сè уште не планираат да имаат свои.rnrnВеридбата била објавена во 2008-ма година на познатото шоу на Елен. Епизодата била емитувана веднаш по укинувањето на забраната за истополовите бракови. Истата година се венчале со интимна церемонија во нивниот дом, но претходно Елен сакала да приреди венчавка со која би ја изненадила Порша.rnrnИстата година и двете славеле роденден кон крајот на јануари и сакале да имаат заедничка прослава. Елен сакала тогаш да се одржи и венчавката. Бидејќи планот пропаднал, церемонијата се одржала пред само 19 сведоци во нивниот дом, на 16-ти август 2008-ма година.rnrnИако венчавката била одржана во тајност, медиумите ги откриле деталите, а папараците упорно стоеле пред нивниот дом. Не успеале да фотографираат ништо, а Елен самата ја објавила фотографијата од свадбата на која таа носи бело одело, а Порша носи венчаница на Зак Посен.rnrnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrnrnИ двете изјавиле дека бракот им е од голема важност, а водителката објаснила и зошто.rn

„Секој кој е во брак знае дека постои разлика кога си и не си во брак. Постои некоја сигурност дека ќе бидете со таа личност до крајот на животот. Бракот не е нешто што го земавме здраво за готово. Благодарна сум затоа што ја пронајдов љубовта на својот живот, бидејќи немаат сите среќа да најдат нешто такво. Не секој го наоѓа својот најдобар пријател.“

rnЉубовната приказна на геј парот што ги сруши сите предрасудиrnrnОна што навистина ги привлекло една кон друга е тоа што и двете имале тешко детство. Елен била сексуално злоупотребувана од нејзиниот очув, а штом прозборела за тоа почнале да се шегуваат на нејзина сметка. Ова ѝ предизвикало депресија. Од друга страна, кога имала 15 години, Порша се справувала со нарушување во исхраната.rnrnОваа година прославиле 10 години брак, па по тој повод Порша изјавила како сфатиле дека бракот им е успешен и дека се признати од јавноста штом се појавиле гласини за нивен развод.rn

„Не се разделивме и не се расправаме, туку баш спротивно – лудо сме вљубени. Озборувањата за разводот малку нè загрижија, но ни ја променија перцепцијата. Знам дека звучи чудно и смешно, но кога почнаа озборувањата станав свесна дека сме прифатени. Станавме како и сите познати парови.“

rnПогледнете ги и овие фотографии од парови што ќе ве натераат да верувате во љубовта.