Боењето велигденски јајца е една од најстарите и најмоќните традиции во нашите краишта. Токму затоа и не постои човек што не чул за неа, без разлика дали со исчекување ја чека или пак, едноставно не верува во неа. Но, дали сте знаеле дека зад секоја боја се крие одредено значење? Дознајте во продолжение…rnrn
rn
1. Црвена боја
rnОва е најчестата боја на велигденските јајца и се поврзува со крвта на Исус Христос. Токму затоа и таа симболизира љубов и жртва за доброто на сите луѓе.rn
2. Виолетова боја
rnОваа боја за време на Велигденските празници го претставува кралството и се смета за боја која може да донесе многу богатство.rn
3. Зелена боја
rnПокрај тоа што е позната како бојата на тревата, зелената боја со себе носи и надеж за раѓање и обнова. Новите растенија настануваат токму тогаш кога тревата и листовите стануваат зелени.rn
4. Сина боја
rnОваа боја го симболизира рајот, небото и водата. Светло сината боја исто така означува и почеток на мир и хармонија.rn
5. Жолта боја
rnВоопшто не е чудно што оваа боја се поврзува со сончевата светлина. Таа е бојата што носи многу среќа и радост.rn
6. Портокалова боја
rnВелигденските јајца во оваа боја се поврзуваат со нови мугри, нов почеток на денот и нова годишна доба.rn
7. Розова боја
rnЗа време на Велигденските празници, розовата боја симболизира нов, свеж почеток. Таа исто така се поврзува и со разиграноста.rnrnПогледнете ги и овие разиграни велигденски предлози за уште попразнична атмосфера!