КАФЕ ПАУЗА

Знаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во животот

Знаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во животот

Ако сонувате некаква опасност, тоа значи дека потсвеста ви испраќа порака дека сте загрозени. Ако во сонот ви се заканува опасност, обрнете дополнително внимание на финансиите, на односите и на здравјето. Соновите ретко се остваруваат, но повеќето луѓе се плашат дека тоа што го доживеале во сонот ќе се случи и во реалноста. Но, никогаш не треба да го заборавате и значењето на соновите.rnrnЗнаци што укажуваат дека ве очекуваат пречки во живототrnrnАко не сте постигнале некоја важна цел, можеби често ќе сонувате дека сте изгубени во темна шума или дезориентирани во непознато и магловито место. Предупредувањето дека сте ја изгубиле целта може да се манифестира и преку соништата во коишто сте деца и кои предизвикуваат вознемирувачко чувство.rnrnСоништата што предвидуваат опасност се и оние во кои се наоѓате во ситуација во која не сте дораснати. Успешното решавање на оваа состојба во сонот може да биде позитивен знак. Тоа значи дека вашата потсвест ви кажува дека сте способни да ги надминете пречките во реалниот живот. Опасноста во соништата може да биде претставена и преку природна катастрофа или сценарио во кое сте соочени со несовладливо суштество.rnrnАко во сонот успеете да ѝ избегате на опасноста, тоа е знак за идните успеси во животот. Но, ако не успеете да избегате од опасноста и ако се повредите, тоа значи дека ве очекуваат значителни загуби во реалниот живот. Ако во сонот видите чудовиште, тоа значи дека ќе доживеете непријатност. Можеби во вашето опкружување постои личност која прави да се чувствувате непријатно, но не можете да сторите ништо за да го избегнете тоа. Вие самите сте свесни дека еден ден ќе мора да се соочите со „чудовиштето“ и да ја решите спорната ситуација, во спротивно, ќе страдаат оние што немаат никаква врска со вашиот конфликт.rnrnКога сонувате дека бегате од чудовиште, тоа укажува дека сте исплашени. Веројатно ќе наидете на пречка за која ќе ви треба повеќе време и храброст за да ја надминете. Ќе мора да прифатите дека не сте семоќни и дека, како и сите други, имате право да погрешите.rnrnНајчестото чувство во соништата е стравот од темнина. Темнината ве предупредува дека ќе се соочите со пречки. Ако во сонот не успеете да го најдете патот, промените што доаѓаат нема да бидат во ваша корист. Меѓутоа, ако најдете начин за излез од темнината, успешно ќе се соочите со сите тешкотии во реалниот живот.rnrnУште еден пример што симболизира опасност е сонувањето остра и ладна зима, а тоа симболизира страв од осаменост. Несвесното сеќавање на умирање од студ, од глад и од смрзнување се манифестира и во соништата. Соништата со снег и мраз предупредуваат на опасност дека можеби ќе останете сами и незаштитени, а стравот од смрзнување го симболизира стравот од губење на сè што ви е познато.rnrnВо ваквите соништа, важно е да внимавате на потсвеста и на предупредувањето за да ги ублажите последиците колку што е можно повеќе.rn

Напаѓачите во соништата ги предупредуваат сонувачите

rnКога некој ви се заканува во соништата, тоа е знак за социјални или емоционални непогоди. Вашата потсвест верува дека сте во опасност и треба да размислите за значењето на ваквите соништа.rn

Страв дека ништо не е во ваши раце

rnСоништата во кои се случува некоја природна катастрофа како земјотрес или поплава се вообичаени кога чувствувате дека немате никаква контрола врз животот и сте оставени на милост и немилост на судбината.rn

Страв од смртта

rnАко во сонот се плашите од смртта, тоа може да го симболизира стравот од осаменост, од загуба или од страдање. Тоа исто така може да значи да сакате да бидете ослободени од некоја болка или болест. Но, тоа може да значи и дека треба помалку да бидете преокупирани со материјалното.rn

Потсвеста ги открива опасностите во реалноста

rnАко сонувате дека во вашиот дом постои опасност, тоа би можело да значи дека постои вистинска опасност, како што е неисправната инсталација за којашто вие не сте свесни, но вашата потсвест го забележала тоа.rn

Соништа придружени со чувство на страв

rnЧувството на страв во соништата може да означува разочарување од моменталниот развој на животната ситуација. Стравот обично претставува пречка на којашто треба да ѝ се спротивставите. Исто така, ваквите соништа предупредуваат дека некој лажно ви се претставува како пријател.rnrnДознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат.