Се верува дека постојат животни кои можат да го предвидат времето. Нивната моќ на предвидување има точност до 39%. Следете го однесувањето на следниве животни и дознајте каков ќе биде утрешниот ден.rnrn
Жаби
rnЖабите се едни од најгласните водоземци. Но, кога се најавуваат лоши временски услови, тогаш нивното крекање е погласно и подолготрајно од вообичаеното. Штом ќе слушнете дека звуците што ги испуштаат жабите се сè погласни, знаете дека се подготвува бура.
rn
Птици
rnВо зависност од тоа како летаат птиците, лесно може да процениме колку лошо ќе биде времето. Се верува дека ако птиците летаат високо, временските услови ќе бидат поволни, но ако летаат блиску до земјата, времето ќе биде лошо, а воздушниот притисок ќе биде повисок од нормалното.
rn
Крави
rnДури и земјоделците тврдат дека нивните животни можат да го предвидат времето. Според кажувањата, кога кравите ќе претчувствуваат лоши временски услови, тие стануваат немирни, нервозни, ги бркаат мувите со опашките или лежат на пасиштето за да си го зачуваат местото суво.
rn
Пчели и пеперутки
rnШтом забележите дека пчелите и пеперутките ги напуштиле цветните леи, може да очекувате лоши временски услови. Ако тие не се на своите вообичаени места, тоа е знак дека бурата веќе се подготвува.
rn
Овци
rnКога овците ќе се соберат во стадо, набрзо ќе има поројни дождови. Кога овците претчувствуваат невреме, самите се собираат во стадо за да се заштитат едни со други.
rn
Бубамари
rnБубамарите го предвидуваат времето на многу едноставен начин. Ако забележите рој бубамари на едно место, тоа значи дека времето ќе биде топло. Од друга страна, ако забележите дека црните и црвените бубамари бараат засолниште, тоа значи дека нè очекува студено време.
rn
Мравки
rnКога се подготвува бура, црвените и црните мравки се тие кои први почнуваат да ги градат своите насипи за дополнителна заштита, па дури и ги затвораат дупките на своите засолништа. Затоа, ако забележите затворени насипи кои се повисоки од вообичаеното, подобро и вие да ги затворите прозорците од вашиот дом.
rn
Мрмоти
rnМрмотите се најпопуларните животни во Америка кои може да ги предвидат временските услови. Според американската легенда, најпознат мрмот е Фил од Пенсилванија. Ако Фил може да си ја види сопствената сенка, тоа значи дека зимата ќе трае уште шест недели, во спротивно се очекува да дојде пролетта.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
