КАФЕ ПАУЗА

4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

Тешко е да се комуницира со луѓето, а особено е тешко да се биде искрен, транспарентен и внимателен кон оние што ви значат. Особено затоа што при разговорот може да дојде и до погрешно сфаќање, недоразбирање и погрешно толкување на кажаното. Доколку не сте искрени, отворени и целосно насочени кон вашиот партнер, не може да се надевате дека вашите односи и понатаму ќе бидат силни?rnrn4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракотrnrnВо една статија, авторката и мотивацискиот говорник Брене Браун го открила пред другите својот личен удел при недоразбирањата со партнерот.rnrnВо својата нова книга „Rising Strong“ („Издигни се силно“), таа пишува за лесните животни трикови кој може да му помогнат секому кој е во врска да биде подобро сфатен.rnrnТаа вели дека кога би можела да им даде на мажите и жените во врска, или на лидерите и родителите, еден „клуч“, ќе им ја подари токму  преку зборовите од „Приказната што ја создавам“.rnrnЕдноставните зборови што таа ги предлага како совет може да предизвикаат напната ситуација или да бидат искрен начин да му кажете на лицето со кое зборувате точно што мислите. Ова помага да го проверите наративот во вашата глава.rnrnА, еве како почнало сè. По ужасниот ден, кога ништо не било ниту едноставно ниту лесно, сопругот на Браун го отворил фрижидерот и воздивнал. Тој искоментирал дека немаат намирници дури ниту за ручек. Таа му одговорила дека дава сè од себе, но и дека и тој би можел да испазарува понекогаш. На тоа тој и одговорил дека тој тоа го прави секоја недела и не знае зошто му го кажала тоа со таков тон.rnrnБраун својот одговор го претворила во приказна за тоа како таа била неорганизирана, несигурна партнерка и мајка. Таа се извинила и следната реченица ја започнала со „Приказната што ја создавам е… дека ме обвинуваш дека нема намирници, дека сум уништила сè“.rnrnНа тоа нејзиниот сопруг одговорил дека тој сакал претходниот ден да испазари но немал време и дека не ја обвинува, туку само е гладен.rnrnПриказната која ја создала Браун направила да се чувствува лошо и да помисли дека нејзиниот сопруг ја обвинува, иако реалноста била дека нему му била потребна само малку храна.rnrnКористејќи ги овие зборови и раскажувајќи ја „својата приказна“, таа им овозможила на многумина да ги ослободат своите внатрешни наративи и всушност да согледаат една поинаква перспектива и ранливост на другиот.rnrnОвие зборови може да пробијат низ вашите „внатрешни ѕидови“ и всушност да ви помогнат подобро да се сфатите меѓусебно.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 4-те причини зошто мажите престануваат да комуницираат во бракот и како да им помогнете да се отворат?