Таоистичкото учење, потекнува од Кинеската мисла и ја поседуваа мистичноста која од секогаш била примамлива за земјите ширум светот. Таоизмот не е религија, туку е практична мисла за уметноста на живеењето. Тао е суштината на сè, која може да се следи само со интуиција, не со срце и не со разум.rnrn
rnrnДоколку сакате да го практикувате Таоизмот како начин на живот, еве неколку негови практични мисли:rnrn1. Грижете се и помагајте им на оние кои се израз на вашата лична природа.rnrn
rnrn2. Бидете искрени кон себе.rnrn3. Поврзете сè со светот онака како што би сакале да бидете прифатени.rnrn4. Поврзете сè и со оние коишто се спротивни на вашата природа.rnrn
rnrn5. Кон оние што не сакаат во целост да ве прифатат такви какви што сте, не е потребна никаква акција: Оставете ги во тишина, таму ќе бидат свои, како што би биле и вие.rnrn
rnrn6. Не поседувате ништо, вие сте само заштитник на природата.rnrn7. Поставете усогласеност помеѓу умот, телото и духот.rnПрактикувајте боречки вештини за да го одржите телото силно,rnјога за да го направите телото вешто,rnмедитација за да го исчистите умот,rnвозете велосипед за да го ослободите духот.rnЧитајте поезија…rnТака, првенствено се спознавате себеси, а потоа и светот.rnrn
rnrn8. Земете си доволно време, релаксирајте се, истражувајте. Таоизомот нема планови, туку е базиран на следење на вашето расположение и доверба во вашите инстинкти.rnrn
rnrn9. Сè се состои во паузата на една воздишка. Дишете длабоко. Земете воздух кога ви е потребна пауза. Преку дишењето се соединувате со себе.rnrn10. Пред да го преземете следниот чекор – насмевнете се. Насмевката ги отвора можностите.rnrn11. Има 6,5 милијарди луѓе во светот и исто толку патеки во Таоизмот, секоја личност може да нè научи нешто.rnrn
rnrn12. Понекогаш е потребна тишина, бидејќи само така ќе се слушнете сами себе, а не метежот.rnrn
rnrn13. Луѓето сакаат да ја достигнат перфекцијата како животна цел…rnrnНо, не треба да е така… Треба да бидете добри во нешто, а со тоа да ги прифатите ситните несовршености. Несовршеностите се елементи на хаосот кои ѝ даваат индивидуалност и различност на личноста. Без нашите маани не би биле индивидуи.rnrn14. Треба да ги прифатиме најдобрите и најлошите моменти во нашиот живот.rnrn
rnrn15. Отфрлете ги очекувањата.rnrnТаоистот живее без очекувања, живее тука и сега. Со отфрлањето на упатствата и очекувањата го правите она што е правилно за себе.rnrn
Живејте го животот на Таоистички начин
