Ги прочитавте најдобрите постови за изминатава недела? Ова е редоследот кој го одредија вашите кликови:
rn
1. Идеалниот град според хороскопскиот знак
rnБез разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.rn.rn
2. Костими за капење кои се во мода ова лето
rnКако што се приближува „шпиц-сезоната“ на летните одмори, така сè повеќе зачестуваат масовни подготовки за она што треба да го покажеме додека сме таму. Досега работевте на своето тело, но костимот за капење ви е од пред две сезони. Без паника! Излезете в град и барајте костим за капење кој е хит за оваа сезона, додека истовремено одговара на вашиот стил и градба на телото. Изборот на стилови е голем.rn.rn
3. Лекции на кои нè научил животот
rnПонекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.rn.rn
4. Спектакуларен хотел под вода на Малдивите
rnСпиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност.rn.rn
5. 10 природни феномени на Земјата
rnНашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
