КАФЕ ПАУЗА

Жените стануваат посреќни од мажите дури откако ќе наполнат 85 години, а причината за тоа ќе ве запрепасти!

Жените стануваат посреќни од мажите дури откако ќе наполнат 85 години, а причината за тоа ќе ве запрепасти!

Најновите истражувања покажале дека жените не се толку среќни колку мажите, сѐ додека не наполнат 85 години. Според тврдењата на психолозите, причината за тоа лежи во фактот што на таа возраст повеќето жени стануваат вдовици!rnrnЖените стануваат посреќни од мажите дури откако ќе наполнат 85 години, а причината за тоа ќе ве запрепасти!rnrnИстражувањето спроведено на 8.000 возрасни Британци покажало дека жените се соочуваат со сериозни здравствени проблеми во текот на животот многу почесто од мажите. Најголемата разлика е забележана во однос на менталното здравје. Околу 28% од жените на возраст помеѓу 16 и 24 години признале дека се соочуваат со такви проблеми, а процентот кај мажите е помал и изнесува 16%.rnrnНо, оваа разлика се намалува со текот на годините, бидејќи 18% од мажите и жените пријавиле појава на душевни болести на возраст помеѓу 25 и 34 години. Кога жените ќе станат средовечни, нивната среќа повторно се намалува, бидејќи според истражувањата 24% од нив заболуваат од некакво психичко нарушување на возраст помеѓу 45 и 54 години.rnrnИстражувањето вклучувало 12 прашања врз основа на кои испитаниците го процениле нивното ниво на самодоверба, анксиозност и нарушувања на сонот. За учесниците кои освоиле 4 или повеќе поени на табелата, се сметало дека најверојатно ќе заболат од некаква психичка болест.rnrnПсихијатарката Кејт Ловет објаснила дека постои можност жените да се генерално помалку среќни од мажите поради домашните обврски. Тоа се намалува со текот на годините, бидејќи нивните деца стануваат возрасни, па не чувствуваат толкава одговорност постојано да работат по дома.rnrnИсто така, иако според статистичките податоци кај жените постои поголема веројатност дека ќе станат депресивни, Ловет објаснила дека мажите се поизложени на ризикот од депресија, особено оние коишто се постари од 85 години и немаат партнерка.rnrnВо продолжение прочитајте зошто мажите кои се венчаваат со покрупни жени се 10 пати посреќни од останатите.