Автор: Весна ЈовановскаrnrnФилипинската авиокомпанија „Кебу пацифик“ излезе со ново изненадување за нејзините патници. По повод новогодишните и божиќните празници, одлучила да го освежи музичкиот репертоар. Тие подготвиле симпатична кореографија за хитот „Сè што сакам за Божиќ си ти“ од Мараја Кери, преку која згодните стјуардеси ги објаснуваат правилата и мерките за безбедност при летањето. Танцувајќи демонстрираат како се користат сигурносните појаси, елечињата и маските за кислород.
rn
rnВаквиот интересен концепт во летовите, „Кебу пацифик“ го внесе уште минатата година. За да не ѕиркаат патниците од прозорецот и едвај да чекаат да помине овој досаден дел пред полетувањето, одлучиле да им приредат малку забава во авионот. Пријатно ги изненадиле, кога стјуардесите започнале да танцуваат на песните на Лејди Гага за да им покажат како треба да реагираат во итните случаи.rn
rnОд раководството на оваа нискобуџетна авиокомпанија велат дека музиката и танцувањето навистина функционираат, им помагаат на патниците да се сконцентрираат и да ги запомнат безбедносните мерки. После празниците, стјуардесите повторно ќе се вратат на претходната кореографија и ќе продолжат да ги забавуваат патниците со музиката на Лејди Гага.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
