Застрашувачки фотографии од песочни бури

Сподели

Haboob“ е вид интензивна песочна бура која се движи со атмосферската гравитациска струја. Таа редовно се појавува во сувите региони низ светот. Во почетокот на невремето, ветриштата се движат во спротивна насока од онаа во која патува бурата и од сите насоки се упатуваат кон неа. Кога тоа ќе го достигне својот врв и кога ќе започне дождот, ветриштата ја менуваат насоката така што излегуваат од бурата и се насочуваат на истиот пат како самата бура.

Реклама

Кога капките дожд ќе достигнат до земјата, тие подигнуваат прашина од пустината, притоа создавајќи ѕид од талог кој му претходи на облакот што ја носи бурата. Овој ѕид може да достигне и до 100 километри широчина со неколку километри висина. Во својата најсилна точка, ветриштата од овој вид песочни бури можат да достигнат брзини помеѓу 35 и 100 километри на час, често појавувајќи се без никакво предупредување. Погледнете ги наредниве застрашувачки фотографии од песочни бури ширум светот.

Феникс, Аризона, 2012 Феникс, Аризона, 2011 Индиски океан, во близина на Онслоу, Австралија, 2013 Феникс, Аризона, 2012 Картум, Судан, 2007 Феникс, Аризона, 2012 Њу Саут Вејлс, Австралија, 2010 Картум, Судан Ал Асад, Ирак, 2005 Феникс, Аризона, 2011 Феникс, Аризона, 2011 Ал Асад, Ирак, 2007 Феникс, Аризона, 2012 Феникс, Аризона, 2011 Феникс, Аризона, 2011

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира