Денис и Алма се нарекуваат вечни скитници обединети од љубовта кон патувањето и планинарењето. Сепак, тие не ни можеа да замислат дека мачето што го посвоија заедно, исто така, ќе ужива да се искачува на врвовите на планините.rnrnТие ја посвоиле која имала помалку од еден месец и брзо се навикнале да живеат заедно. Честопати ја носеле со нив во градот, таа дури и била на нивната свадба! Бидејќи го користат секој слободен момент за планинарење, во една прилика решиле да ја носат со нив. Ја носеле првите десет минути, потоа легнала на ранецот, а неколку минути подоцна решила да оди сама. И тука започнува целата приказна.rnrn
rnrnМачката е весела, разиграна и ужива во пешачење и истражување на природата. Таа често ја презема улогата на водач на планинарскиот тим и секогаш го чека последниот член на тимот, сакајќи да „внимава на сè“ за никој да не залута. Оваа мачка посетила многу планини во Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија и Албанија.rnrnПарот има намера да ги посети Гран Парадизо и Монблан, но нагласи дека немаат намера да ја однесат на врвовите над 5.000 метри надморска височина, бидејќи таквите услови не се прифатливи за нејзиното тело.rnrnВелат дека нивните пријатели ги мотивирале да почнат своја страница, а нивната цел сега е да ги охрабрат луѓето да поминуваат повеќе време во природа и повеќе да планинарат, бидејќи околу нас навистина има многу природни ресурси кои треба да ги цениме.rnrnСподелуваат дека каде и да се појават со неа, таа станува најголемата атракција таму. На пример, кога биле на искачување до Гросглокнер, таа била во преден план и сите ја фотографирале и се восхитувале на фактот дека мачката дошла до таа висина.rnrnКаде и да се појави носи среќа и примамува насмевки. Има многу луѓе кои со нетрпение го очекуваат секој следен пост за нивните авантури, а многу од нив дури предложиле Денис и Алма да напишат книга или да направат филм за нивната мачка.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој златен ретривер кој поради својата генетска мутација, ги освои срцата на многу луѓе.
Запознајте ја мачката која се искачи на највисокиот врв во Австрија
