Запознајте го Мохито, кучето што секоја ноќ носи различни играчки во кревет

Сподели

Секое куче сака играчки, но љубовта на ова 3-годишно куче што е обучувано да им пружи утеха и заштита на луѓето, е поразлична. Во текот на една и пол година, кучето носело со себе играчки во кревет, секоја ноќ избирајќи различна, откако ја пребарувало целата куќа, за да ја најде онаа со која сака да спие таа вечер.rn

„Мохито има многу играчки… Навистина многу“, вели Ким Дауни, неговата сопственичка.

Реклама

rnКим вели дека секогаш кога ќе отидат во продавница, Мохито инсистира да си избере некоја, па така, секој месец таа добива нова играчка.rn

„Многу е специфична за она што ќе го одлучи да го земе во кревет. Таа ќе пребарува во куќата и ќе ја испразни нејзината кутија за играчки сѐ додека не го најде токму тоа што го бара“, објаснува Ким.

rnИграчките остануваат горе, сѐ додека Мохито не одлучи поинаку.rn

„Ако ги симнеме надолу, таа ќе ги земе повторно“, вели таа.

rnНаредното утро Мохито сака да си игра со сите нејзини играчки, а понекогаш ги споделува и со нивната мачка.

Научниците тврдат дека кучињата имаат неофилија, односно склоност кон нови работи. Но, ако сакате еден период да прекинете со купување играчки, истражувачите препорачуваат да направите тие да изгледаат како нови со тоа што ќе им додадете различен мирис. Исто така обидете се некоја играчка да ја скриете одреден период, па потоа повторно да им ја покажете.

Погледнете ја галеријата и запознајте се со Мохито и нејзините најомилени играчки.

Популарно

Може ќе ве интересира