Многумина од нас сакаат секојдневно да ја консумираат својата омилена храна. Без разлика за што станува збор, мораме барем еднаш во денот да се насладиме, инаку нашиот ден би немал смисла. Можеби звучи смешно, но не сте сами, бидејќи многу познати личности ја имаат оваа интересна навика. Секако, некои од нив консумираат нешто поздраво, додека други воопшто не се грижат за своите килограми. Па, пребарувајќи по Интернет дознавме дека познатите се малку чудни кога станува збор за храната, а еве какви „занимливости“ тие сакаат да консумираат секојдневно, без исклучок.rnrn
rnrnКим Кардашијан, на пример, секојдневно јаде пилешка кинеска салата со манго. Всушност, ова и не е толку лоша навика.rnrnНејзината сестра Кортни Кардашијан пак, е тотално опседната со здравјето, а без оглед на неколкуте породувања, таа и понатаму има сјајна фигура. Ситна и слаба – кој не би посакал да изгледа како неа? Инаку, таа денот секогаш го започнува со лажичка специјален гхи путер, а дваесет минути подоцна не јаде ништо и тоа мора да биде првата работа што ќе ја стави во својот стомак. Инаку, ова е трикот со чија помош можете да бидете послаби, помускулести и енергични, а заедно со тоа и поздрави и ментално поостри. Погледнете ја Кортни како доказ.rnrnКриси Тајген не може да го замисли својот ден без риба со лук. Некогаш една, некогаш две… Не може да престане!rnrnФерги со својот сопруг Џош Дамел имаат специјален утрински ритуал и тоа во вид на смуди. Нивната „енергија во чаша“ содржи спанаќ, кељ, целер, јаболко, банана и круша. Овој појадок го практикуваат седум години наназад.rnrn
rnrnЕва Мендез нема проблем со навиките во јадењето. Таа секој ден руча и вечера комбинација од лосос и ориз и тоа за неа е сосема во ред. „Гориво“ за телото.rnrnКајли Џенер додека била со Тајга, секое утро за него подготвувала омлет со ориз и колбаси, а тој не можел да си го замисли денот без него и секогаш барал повеќе.rnrnМараја Кери имала чудна и доста тешка диета. Секој ден консумирала само две намирници, а тоа се норвешки лосос и копар. И тоа секој ден, по цел ден. Но, се разбира, брзо се откажала.rnrnБела Хадид секое утро јаде сирење на скара и помфрит со малку кечап. Сите ние можеме да се пронајдеме во оваа слатка ужина. Само, прашање е колку вежбање се крие зад овој оброк…rnrn
rnrnПогледнете ги и овие славни личности кои изгледа како да не стареат!
Занимливите навики во исхраната на познатите ѕвезди
