Зајче родено без уши добива неодолива замена од нејзината сопственичка

Сподели

Зајчето Мими било родено глуво, со само три нозе, но и покрај тоа што не може да слуша, благодарение на нејзината сопственичка, таа има нов пар ушиња – направени од волна. Родајиа Велч, 22, ја добила Мими од волонтер каде што и таа самата волонтира, во организација за овозможување основна грижа за милениците на сопственици со ниски примања или бездомници во Сакраменто.

Реклама

rn

„Само што ја видов Мими, се заљубив во неа и едвај чекав да ја однесам дома“, вели Велч.

rnНо, таа не само што ѝ дала дом, туку ѝ подарила и ушиња. Идејата настанала додека таа пребарувала идеи за имиња.rn

„Мојата одлука да ги направам ушите започна со барањето на нејзиното име – беше очигледно дека требаше да биде нешто поврзано со уши. Па, додека пребарував, моето момче Џош, го најде името Кемономими, што е еден вид козплеј каде што карактерите имаат животински уши. Тоа беше совршено затоа што таа немаше уши и можеше да биде што и да посака.“

rnЗајчето со три нозе сега има импресивна колекција од домашно изработени ушиња.rn

„Таа ги носи само додека ја фотографирам или кога седи со мене. Ми дозволува да ѝ ги ставам, но поради безбедносни причини не ги врзувам во јазол, за ако таа посака, да може лесно да ги отстрани“, додава таа.rn

rnПогледнете ги и останатите фотографии што без сомнение ќе ве стопат.

Погледнете ги и најслатките кутриња што некогаш сте ги виделе.

Популарно

Може ќе ве интересира