Автор: Калин БабушкуrnrnЗнаеме да критикуваме, но кога нè критикуваат, тогаш не ни е драго. Дозволете да ве критикуваат (конструктивно), но критикувајте и вие (конструктивно). Ако нешто во вашата околина не ви се допаѓа, напишете писмо до надлежните институции, но и вие помогнете во негово решавање.rnrn
rnrnПоплаките и критиките се добро едукативно средство и за тие што ги даваат и за тие што ги примаат. Дали се едукативни или не, најмногу зависи од вас и тоа како ќе ги гледате тие поплаки.rnrnЗа оние коишто не ја знаат најшироко прифатената дефиниција на поплаката и давањето поплака – тоа е т.н. СЕНДВИЧ систем, каде што се дава позитивна, па негативна и повторно позитивна конотација на поплаката, но сепак намерата е пренесена. На пример: „Ова што го напиша е добро и дава убава основа за следните чекори, но нема користено некои дополнителни работи кои ќе помогнат во следната фаза и целиот развој на фирмата, а ова што го правиш ти е многу важно“.rnrnСакам да споделам со вас неколку начини на поплаки и како да критикувате конструктивно, но сепак тие да бидат разбрани од сите, дека секој од нас може да ги користи, но и да биде подготвен да ги прими и правилно да ги обработи.rnrnИмајте добри намери – Ако критикувате нешто или некого или, пак, сакате да направите некоја поплака, имајте добра намера во тоа. Немојте да напаѓате, навредувате или нешто слично, кое е несоодветно – туку нека биде со намера за подобрување на работите.rnrnФокус на работата, а не на човекот/луѓето/институцијата – Држете се до работите што можат да се променат и немојте да критикувате нешто што може да се промени во некоја наредна фаза.rnrnБидете искрени – Па ако треба и самокритични. Само искреноста може да помогне добронамерно да ве сфати другата страна. Кажете како вие ги гледате работите и може тоа да е точно или не, но тоа е ваш начин на гледање на работите.rnrnНемојте многу да зборувате или да пишувате – Не сакате да претерате во работата. Не за друго, не сме многу подготвени за поплаки или за критики, ако претерате со зборување или со пишување, тогаш уште повеќе работата се отежнува. Преголемата критика може да предизвика негативни чувства кај другата страна.rnrnМониторинг – Ако сте направиле поплака, мониторирајте дали промената за која сте поднеле поплака е направена. Ако не е, тогаш потсетете ги за тоа што мислите дека треба да се промени/подобри, но ако не сте во право, нека ви дадат одговор зошто не сте во право. Немојте да останете на она: јас направив што треба и толку од мене, туку бидете активен чинител во спроведувањето или добивањето на соодветен одговор.rnrnПофалба – Ако е направена промената што сте ја побарале претходно, можете да ја пофалите другата страна за направената промена. Немојте да штедите на пофалби, ако ништо друго, поттикнувате конструктивно гледање на критиките и подобрување во наредниот период.rnrnКритикувајте и давајте поплаки, но бидете подготвени и да примате поплаки и критики. Исто така, бидете подготвени да примите и пофалби, бидејќи за нив често сме неподготвени, мислејќи дека се двосмислени или неискрени.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.