Хавајскиот остров Нихау е опишан како место каде што времето е застанато, а пристапот до него делумно забранет.rnrn
rnrnНа островот живеат околу 130 луѓе кои се грижат за природните ресурси. Всушност тие не зависат од погодностите на модерниот свет. Не користат автомобили, немаат струја и генерално одбегнуваат сè што може да предизвика загадување.rnrnПричината поради која била забранета посетата на овој остров лежи во желбата за зачувување на животот кој е потполно во склад со природата. Сепак, во 1987 година донесена е одлука Нихау да се отвори за љубопитните очи, но само на пола ден. Благодарение на ова, туристите имаат можност да уживаат во овие прекрасни убавини на неколку часови.rnrnНа Нихау се негува хавајската култура од 1800-та година и поради тоа го нарекуваат вонвременски остров – овде часовниците и календарите како да престанале да важат.rnrnСелото кое е дел од населениот дел на островот, не се наоѓа на програмата за туристи. Животот на жителите е во строга приватност и останува мистерија за надворешниот свет.rnrn
Забранет остров: Место каде што времето е застанато












