КАФЕ ПАУЗА

Забавна, но застрашувачка брачна статистика

Забавна, но застрашувачка брачна статистика

Во љубовните врски влегуваме полни со очекувања и верба во блескава заедничка иднина, но реалноста е далеку од „розовата“ верзија која ни ја сервираат во романтичните филмови. Прочитајте ја оваа откачена брачна статистика, објавена од страна на порталот „Shine“ и видете дали би си впуштиле во лудата авантура, таканаречена брак. :)rnrnЗабавна, но застрашувачка брачна статистикаrn

    rn011

  • Работата, децата, телевизијата, интернетот, хобито и куќните семејни обврски ќе ви го „изедат“ секој слободен момент од денот, така што со партнерот ќе поминувате насамо, само по околу 4 минути дневно.

rn011

  • Доколку се венчате со некој со којшто претходно сте имале афера, веројатноста дека ќе се разведете е околу 75%.

rn011

  • 60% од луѓето кои се во брак, барем еднаш го изневеруваат својот партнер.

rn011

  • Доколку се венчате млади, статистиката е уште полоша. Браковите склопени пред 25-тата година од животот, најчесто завршуваат со развод. Покрај ова, тешко се останува и во брак во кој жената е значително постара од мажот.

rn011

  • Паровите кои имаат деца поретко се разведуваат, но понекогаш се случува самото раѓање на децата, да предизвика оддалечување помеѓу партнерите.

rn011

  • Добрата вест е дека можете да воздивнете после 7-мата годишнина од бракот. Повеќе од 50% од разводите се случуваат во текот на првите 6 години од бракот.

rn011

  • Просечен брачен пар им се препушта на страстите 58 пати годишно. Тоа е отприлика еднаш неделно, плус, веројатно и „сексот за специјални прилики“, како што се родендените и годишнините. Зачестеноста на сексот опаѓа после првите 2 години од бракот, а веќе 20% од паровите после тој изминат период, љубов водат максимум 10 пати годишно.
  • rn


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.