Барате интересна велигденска декорација што можете сами да ja направите? Ние ви го предлагаме овој интересен венец со зајачиња.rnrn
rnrnЗа негова изработка ќе ви треба само хартија во боја, молив, ножици и лепак. Прво одберете големо парче хартија во боја и завиткајте го во облик на хармоника. Внимавајте на предната страна од хартијата да има доволно простор за да нацртате зајак.rnrn
rnrnНацртајте зајак на почетната страница. Имајте на ум дека барем дел од сликата мора да биде на свитканите рабови на хармоника, за зајаците да останат поврзани при сечење.rnrnrn
rnrnВнимателно исечете го зајакот со ножици.rnrnКога ги цртате контурите, внимателно исечете го зајакот со ножици и внимавајте да не го пресечете делот од работ што ја поврзува целата хармоника. Раширете ја хартијата и го добивате вашиот велигденски венец. Остатоците од молив лесно избришете ги со гума.rnrnМожете да им нацртате мустаќи и носеви на зајачињата со молив, но тие ќе бидат исто толку ефикасни и без нив.rnrn
rnrnСпојте ги краевите на зајачињата и залепете ги со лепак. Вашиот венец е готов и може да го користите за на маса. Со него може да го опкружите садот со вашите велигденски јајца.rnrnВие сами ќе ја одредите големината и должината на венецот.rnrnЗначи, ако сакате 10 зајачиња, вашата хартија хармоника треба да биде долга 10 страници.rnrnМожеби сакате да дознаете и како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?rn
За на ѕид или маса: Направете велигденски венец со зајачиња
