Фотографката Каролин Пауер била повикана да помогне во спасување на бебиња желки кои се насукале на брегот во алгата позната како Sargassum. Оваа алга се движи по струите низ тропските мориња. Таа им нуди храна и засолниште на над 240 видови риби, морски птици и видови како туна, па дури и морски желки.rnrn
rnrnВо отворениот океан, оваа алга е оаза. Но кога ќе заврши на брегот, може да ги зароби животните кои живеат во неа и да ги закопа живи.rnrnКога Каролин пристигнала на местото, била ужасната. Алгите биле полни со пластика. Лесно било да се идентификуваат продукти користени во Гватемала и Хондурас, како што се шишиња од Кока-кола, етикети од Пепси и мали пакувања од шампон. Имало и многу пластични кеси и детски играчки.rnrnДури до 40% од глобалното производство на пластика се користи за пакување производи на Кока-кола, Пепси, Нестле и слично, па тие се одговорни за голем дел од загадувањето.rnrnВолонтерите успеале да спасат 18 неодамна извадени желки од пластиката. Желките биле однесени во центар за спасување и чекале да бидат пуштени на слобода. За жал, не преживеале сите желки. Во една од мртвите желки биле пронајдени 13 пластични предмети. Желката била помлада од две недели.rnrnПогледнете ги фотографиите што ги направила Керолин на кои е прикажана ужасната состојба во која биле најдени желките.rn
Ова малечко беше најдено закопано на брегот
rn
rn
Спасувачите бараат желки пред да бидат заробени на копното
rn
rn
Пластични остатоци од нечиј ручек
rn
rn
Ова малечко го чека пластично море
rn
rn
Ова малечко буквално одеше низ пластиката
rn
rn
Ова не преживеа. Не се знае причината за смртта, но тие не умираат од „природни причини“, па најверојатно е поради заплеткување или јадење пластика
rn
rn
Сите видови морски желки се загрозени – помалку од 1 во 1.000 стануваат возрасни
rn
rn
Она што требало да им биде заштита на желките станало пловечка депонија
rn
rn
Осум од тринаесетте предмети најдени во желудникот на желката беа пластиката
rn
rnrnПогледнете и кои видови пластика треба да престанете да ги употребувате уште денес.