Ребека Марин е 28-годишна бринета од Њу Џерзи. Таа била родена без десната подлактница и дланка, па токму затоа и денес има бионичка рака. Прв пат на модната сцена се појавила во февруари, како манекенка за дизајнерот Антонио Урзиј, чии модели најчесто ги носат Лејди Гага и Бијонсе. Нејзиното следно појавување ќе биде на модната недела во Њујорк, на 13-ти септември оваа година каде што ќе биде дел од групната ревија на млади дизајнери.rnrn
rn
„Ова е еден начин да се чувствувам прифатено во модната индустрија, но ми помага и да рушам бариери“, вели таа и додава дека подготовката за оваа ревија воопшто не е лесна за манекенките. „Најтешкиот дел е одењето. Тоа изгледа лесно, но станува збор за вистинска наука! Колкови, рамена, лице… сè треба правило да се држи.“
rnБез разлика на овие „слатки маки“, Ребека вели дека сака да ја освои светската модна сцена и со тек на време да го добие своето место на насловната на Вог. Дали таа ќе успее? Останува да видиме…rnrn

