КАФЕ ПАУЗА

Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

Возбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?

rnrnВозбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?rnrnВо Фиренца ја насликал „Мона Лиза“ и ја започнал работата на „Битката кај Ангиари“, која ја оставил недовршена и по која сè уште трагаат историчарите на уметноста. Еден од нив, познатиот професор Маурицио Серачини, направил некои истражувања со помош на високо-технолошки алатки и скенери и со години се обидува да докаже дека ова дело на Леонардо се крие зад лажниот ѕид во палатата Векио во Фиренца, зад ликот на биографот на Леонардо, Џорџо Вазари. Вазари во своето познато дело „Животите на славните сликари, скулптори и архитекти“, навистина го опишал ова дело на Леонардо со огромно воодушевување и веројатно дал сè од себе тоа да не биде уништено при реконструкцијата на салата за која бил ангажиран, криејќи го зад ѕидот на кој била насликана „Битката кај Марчано“.rnrnНемирниот истражувачки дух на Леонардо не му давал мир, а неговата биографија е полна со конфликти, недоразбирања, па дури и бегства. Неговото мајсторство, но и физичкиот изглед и многуте таленти предизвикувале восхит кај многумина, но овој познат човек имал и многу непријатели.rnrnТој се вратил во Милано 6 години подоцна и потоа се запознал со сликарот Франческо Мелци, аристократ кој станал негов ученик и животен сопатник.rnrnИако би било логично да се среќавал со Рафаел и Микеланџело како негови современици, барем за време на неговиот престој во Рим од 1513 до 1516 година, сепак, е просведочено дека Леонардо не бил во добри односи со нив. Исто така, се смета дека Леонардо влијаел на преселбата на скултурата „Давид“ на Микеланџело. По сите преселби и промени на градовите, како еден вид политички прогон, тој спасил глава, па влегол во служба во 1516 година кај францускиот крал Франсоа Први, кој му дал замок до кралската палата и му понудил голема плата. Па така, Леонардо му станал пријател на кралот. Починал во Франција, на 2 мај 1519 година, а на негово барање неговиот ковчег бил придружуван од 60 питачи. Тој е погребан во капелата на замокот Амбоаз и забранил неговите коски некогаш да бидат пренесени во Фиренца.rnrnВозбудливата животна приказна на универзалниот генијалец сè уште е покриена со мистериозни тајни: Кој бил Леонардо да Винчи?rnrnБиографските податоци на Леонардо во последните години се доведени во прашање, особено по планетарниот успех на „Кодот на да Винчи“. Дали припаѓал на тајните друштва, дали бил водич на Приоријатот на Зион (ако навистина постоел), зошто толку често ги оставал своите дела незавршени, зошто и кој го возел од Италија во Франција? Дали неговиот немирен дух е единствениот виновник за многуте недовршени дела?rnrnСоздал релативно малку слики, оставајќи и многу недовршени. Сепак, тој се смета за еден од највлијателните сликари на сите времиња. Денес, постои впечаток дека неговиот немирен и љубопитен дух, во периодот кога се посветил на анатомијата или военото инженерство, ги ставил во втор план сликарството и скулптурата. Можеме да му се заблагодариме на Леонардо за многуте идеи што овој свет ги наследи од него. Во делата на Леонардо за првпат видовме робот, хеликоптер, велосипед, резервоар и многу други решенија кои денес се делумно реализирани. Неговите ракописи, кодови и студии се напишани на невообичаен начин, „како во огледало“ од десно кон лево, затоа што Леонардо бил леворак, па дури и денес се изучуваат исто толку темелно како и сликите. Покрај тоа, најпознатата слика во светот „Мона Лиза“ е секако најпроучуваната слика која добила многу толкувања.rnrnЛеонардо е генијалец  кој им припаѓа на сите времиња. Неговиот дух и инвентивноста сè уште не се надминати, а неговиот мистериозен живот уште долго ќе ги инспирира истражувачите, писателите, сликарите и филмаџиите да бараат и да најдат нови аналогии и докази за уникатната природа на Леонардо да Винчи.rnrnМожеби сакате да погледнете и како еден уметник прави скулптури на животни од рециклирано сребро.