КАФЕ ПАУЗА

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

Иако сами по себе не важат за дестинации во вистинската смисла на зборот, полињата со лаванда, колоритните лалиња и ливадите со диви маргаритки нема да ве остават рамнодушни. Ова се само неколку дестинации кои може да ги посетат љубителите на цвеќињата.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Прованса, Франција

rnСамата глетка на бескрајни редови лаванда привлекува илјадници посетители годишно во областа Прованса во Франција. Миризливите полиња од златни сончогледи и црвени булки се протегаат низ ридови и долини и се прекршуваат во пурпурната бесконечност.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnНо шармот на Прованса не се состои само во цвеќињата. Малите историски гратчиња и античките живописни села се исто така дел од неверојатните пејзажи на Франција. Областите како Воклиз, Венту или Луберион ќе ви овозможат да уживате во духовното патување исполнето со мириси, бои, вкусови и историја.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Холандија

rnЕдна од првите асоцијации кои ќе ги поврзете со Холандија се сигурно лалињата. Невозможно е да ја посетите Холандија во пролет, а да не ги забележите можеби најимпресивните цветни полиња со лалиња и нарциси.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnКако производител и извозник број 1 во светот на лалиња, Холандија успешно ги одржува цветните полиња совршени. Нивната колоритност доаѓа до израз во периодот помеѓу април и септември. Најимпресивните колекции на цвеќиња може да ги видите во областа Алкмар во северна Холандија, како и во Којкенхоф во јужниот дел на Холандија, познат уште како најголемата цветна градина во светот.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Јапонија

rnСекоја година во периодот помеѓу март и мај, Јапонија добива светло розева боја и само за кратко црешовите цветови расцветуваат и во најурабинте делови на земјата. Токио, Осака, Кјото, Нагасаки – сите тие се преобразуваат во исклучително цветни алеи со деликатна убавина, а јапонските села стануваат уште попривлечни. Посетете ја Јапонија во периодот кога цветаат црешовите цветови за да ја откриете убавината на Ханами, долгогодишна традиција која вклучува пикник под расцветаната Сакура (црешов цвет).rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Данска

rnДанска изобилува со претежно земјоделски пејзажи, со бујни шуми, пространи пасишта и шарени ливади кои се наоѓаат покрај крајбрежјата, песочните плажи и мочуриштата. Пејзажите на разнобојни цвеќиња се дополнети со многубројни замоци, викиншки објекти и велосипедски патеки. Пролетта носи експанзија од бои и нијанси, покривајќи ги ливадите со црвени детелинки (националниот симбол на земјата), булки и маргаритки. Неколку видови на дива орхидеја ја разубавуваат областа Гентофте, северно од Копенхаген.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Намакваленд, Северен Кејп, Јужна Африка

rnЗа време на раната пролет во Намакваленд, а потоа посебно и во периодот помеѓу јули и септември, целосно сувиот регион на Северен Кејп, провинција во Јужна Африка, наеднаш се претвора во пустина на расцветани диви цвеќиња, полна со илјадници бели и портокалови маргаритки кои никнуваат од претходно пустата и сува земја. Ако оваа област го привлече вашето внимание, задолжително посетете го Резерватот на диви цвеќиња за да го видите несомнено највпечатливиот цветен феномен во светот.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Британска Колумбија, Канада

rnВикторија, главниот град на Британска Колумбија, Канада, уште е познат како „Град на градините“. Овој прекар совршено му одговара на градот затоа што умерената клима и многубројните сончеви денови прават градинарството тука да претставува животна страст. Британска Колумбија изобилува со спектакуларни цветни алеи кои ги привлекуваат ботаничарите од цел свет.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnСо својата репутација во однос на цвеќињата, главниот град Викторија поставува многу висок критериум кога се цветните градини во прашање. Тигрестите лилјани, дивите рози и глуварчињата со огромната палета на бои ги разубавуваат прошетките низ селата и со своите мириси ги поттикнуваат сите сетила.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

Јужниот Остров, Нов Зеланд

rnЈужниот Остров, еден од двата главни острова на Нов Зеланд, повеќе е познат по драматичните отворени простори и карпестите врвови, отколку по неверојатната флора и плодните долини. Но, вистината е дека Нов Зеланд сам по себе претставува природна градина, додека на Јужниот Остров може да се најдат најфините цветови. Пониските делови на островот се покриени со шарени ливади, а езерото Текапо е опколено со виолетови цветови кои може да се сретнат и во самото езеро.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.