КАФЕ ПАУЗА

Водич за бакнување од 1940 година што и денес е интересно релевантен

Бакнувањето може да обезбеди втор состанок кој ќе резултира со уште бакнување, да води до секс, па дури и да поттикне нова, сериозна врска. Но исто така може да има и штетни последици на вашиот живот. Еден погрешен бакнеж и сè е завршено. Како што изгледа, има правилен и погрешен начин на бакнување. Во 1942 година, едно списание објавило фото-водич за тоа како да се бакнувате.rnrn

vodich-za-baknuvanje-od-1940-koj-e-interesno-relevanten
Можете да погодите кој е правилниот, а кој погрешниот начин на бакнување?
rnrnИако ова издание е децении зад нас, сепак може да ви ја покаже класиката од која и денес може многу да се научи. Сè е во начинот на држење на телото и може да биде многу корисно во модерниот романтичен живот. Прочитајте во продолжение за што станува збор…rn

Последното нешто што сакате да го направите е да се бакнувате како да ќе бегате

rn

Актери се бакнуваат на сцена, изгледаат премногу детско бидејќи многу се оддалечени
rnrnОва е пристојно доколку и двајцата имате 5 години. Никогаш не треба да стоите премногу оддалечено освен ако не сакате да изгледате како малолетник или како да криете возбудување долу.rn

Стоењето близу е добро, но не сакате ни да претерате

rn

Момчето и девојката треба да стојат близу едни до други, но да не се држат премногу цврсто
rnrnМожете да застанете близу и да бидете романтични без да се држите како да се вашите последни моменти на планетата Земја.rn

Истегнувањето на столче е најлошото нешто што можете да го направите

rn

Лежењето на столица се смета за неграциозно, тоа е лоша техника
rnrnПостојат ситуации кога страстите навистина се разгоруваат, но девојката може да се доведе во непријатна положба ако нејзиното здолниште или фустанот ѝ се повлече нагоре. Исто така изгледа како таа да се удавила и како момчето да пробува да ја оживее.rn

Правилниот начин на бакнување крај столче зависи од држењето на телото

rn

Девојката треба да биде потпрена на едната страна од столицата, а момчето треба да ја држи цврсто, но нежно
rnrnЗарем треба да се каже нешто повеќе?rnrnСте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж!