Дали месецот во кој сте родени може да има врска со интелигенцијата и со достигнувањата?rnrn
rnrnВо едно истражување во кое учествувале Универзитетот во Торонто, Универзитетот во Флорида и Универзитетот „Нортвестерн“, бил анализирал когнитивниот развој на 1,2 милиони деца на училишна возраст за да утврди во кој месец се раѓаат најпаметните луѓе.rnrnУчесниците во истражувањето учеле во државни училишта и биле на возраст помеѓу шест и петнаесет години.rnrnУтврдено било дека децата родени во септември имаат повисок просек на оценки од оние родени во текот на другите месеци, што се припишува на фактот дека тие се малку постари кога ќе почнат да одат во училиште.rnrnСпоред наводите, ова може да влијае на нивниот развој, земајќи го предвид фактот дека тие се постари единаесет месеци од некои свои врсници. Покрај тоа, луѓето родени во август имале најнизок просек, што на некој начин ја потврдува оваа теорија.rnrnИсто така, истражувачите веруваат дека децата родени во септември имаат поголеми шанси да се запишат на универзитет бидејќи нивниот просек може само да се подобри со текот на времето.rnrnСепак, има добро вести и за луѓето кои не се родени во текот на деветтиот месец од годината. Децата кои не постигнале добри резултати, подоцна ги стигнале своите постари пријатели. Исто така, истражувањето дошло до заклучок дека родените во септември имаат помала веројатност да завршат во затвор.rnrnПрочитајте кои се 7-те опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив.
Во кој месец се раѓаат најпаметните деца?
