Внимавајте: 5 широко распространети митови за кондомите во кои мора да престанете да верувате

Сподели

Презервативите се контрацепциско средство со најраспространета употреба. Освен за заштита од несаканата бременост, голема улога имаат и при спречувањето на полово преносливите болести. Но, иако денес се достапни скоро насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои сосема погрешни митови за овие гумени заштитници. За да ставиме крај на ова размислување, со вас ги споделуваме најголемите невистини за кондомите.

Реклама
Реклама

rn

Реклама
Реклама

Мит број 1: Ако ставите лубрикант на кондомот, ќе го спречите несаканото кинење

rnВистина: Лубрикантните на база на масло и петролеј всушност може да го оштетат кондомот.rn

Мит број 2: Кондомот штити од сите полово преносливи болести

rnВистина: Кондомот не штити во целост од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ниту кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по полов пат. Кај ХПВ, како и кај херпесот, може да се случи личноста да боледува со години без никакви симптоми, и исто така без никакво предупредување да ја пренесе болеста на партнерот.rn

Реклама
Реклама

Мит број 3: Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

rnВистина: Можете да користите кондоми кои се изработени од полиуретан.

rn

Мит број 4: Добро е да ги чувате кондомите во паричникот

rnВистина: Чувањето на едно пакетче кондом во паричникот подолго време може да го ослаби материјалот од кој е направен, односно може да се создаде ситни дупчиња во него.rn

Мит број 5: Користењето два кондома одеднаш ја дуплира заштитата

rnВистина: Користењето два кондома одеднаш всушност ја намалува заштитата, бидејќи се создава поголемо триење и поголема можност за презервативот да пукне.

За екстра заштитен и сигурен секс, дознајте неколку заповеди на кондомите.

Најново

Може ќе ве интересира