2018-та е година на еволуција, откривање нови можности и истражување на вашето вистинско јас. Ова е година која ќе биде полна со предизвици и ќе биде бурна за речиси секој од нас. Па, подгответе се и за неуспех. Вашиот хороскопски знак може да ви ја открие причината за овие неуспеси, па кога ќе ги знаете однапред, подобро ќе се справите со ситуацијата.
rn
Овен: Кариера
rnВие сте многу посветени на вашата работа, но ништо екстремно не е добро. Нема потреба да правите ветувања кои само ќе им наштетат на вашите лични врски. Вдишете длабоко, направете распоред и одвојте време за вашите сакани.rn
Бик: Его
rnЕгото не е нешто што треба да го негувате. Никогаш не е доцна да се извините. Во минатото сте биле навистина тврдоглави и егоистични и секогаш сте сметале дека сте во право. Научете да прифатите дека и вие правите грешки. Ако продолжите да се грижите за вашето его, може да ве снајде вистинска неволја оваа година. Подобро е да се ослободите од него.rn
Близнаци: Нездрави навики
rnГолемиот број нездрави навики се токсични за вашиот живот. Покрај физичкиот и психолошкиот стрес, соочени сте со проблеми и во други области. Најверојатно сте свесни за ова. Време е да се ослободите од лошите навики кои ве држат назад и да продолжите со животот.rn
Рак: Невнимателност
rnБидете одговорни, а ако сте невнимателни нека биде тоа во границите на прифатливото. Вашата невнимателност ве чинела пријатели и врски во минатото. Оваа година фокусирајте се на вашето однесување и научете како да се справите со проблемите без погрешно да ја проектирате невнимателноста.rn
Лав: Токсични врски
rnВреме е да сфатите дека во врските учествуваат двајца, а токсичните врски само ќе ви наштетат. Предолго се држите за нив. Време е да сфатите што е добро за вас и да продолжите понатаму.rn
Девица: Вашата затворена природа
rnВреме е да бидете полиберални. Тешко им е на другите да ви пријдат, а ова создава негативност околу вас. Во 2018-та година фокусирајте се на позитивноста и на новите работи. Прифатете ги разликите кои ги нуди универзумот.rn
Вага: Минато
rnОва е нова година со нови можности. Живеењето во минатото ќе ви донесе само проблеми. Можеби имате премногу трауми, но ако продолжите да размислувате за минатото, нема никогаш да погледнете кон иднината.rn
Скорпија: Осаменост
rnОсаменоста е потребна, но премногу од неа е нездраво. Во минатото сте ги избегнувале луѓето. Излезете од вашата школка, бидете пофлексибилни и обидете се да ги прифатите луѓето. Дајте им простор во вашиот живот.rn
Стрелец: Грешки од минатото
rnНе им дозволувајте на грешките од минатото да ве прогонуваат. Секој правел грешки. Во ред е да не сакате да се соочите со нив. Наместо да се криете, прифатете ги грешките што сте ги направиле, оставете ги во минатото и продолжете напред. Нема потреба минатото да ви предизвикува проблеми.rn
Јарец: Одбивање да учите од грешките
rnГрешките се прифатливи еднаш, не два пати – затоа и учењето од нив ве прави подобра личност. Немојте да ги повторувате старите грешки. Наместо тоа, научете каде сте погрешиле и избегнете го тоа во иднина. Животот ќе ви биде полесен.rn
Водолија: Очекувања
rnОчекувате премногу од животот. Кога нештата не се одвиваат онака како што сакате, вам ви е лошо. Затоа и треба да ги намалите очекувањата и да им дозволите на работите да се случуваат. Без разлика дали се добри или лоши.rn
Риби: Врски од минатото
rnОставете го минатото и прифатете ги новите врски. Без разлика колку ужасно завршиле минатите врски, веројатно размислувате да им дадете втора шанса. Ова ќе биде само трошење на вашата енергија. Без разлика дали е пријателство или романтична врска, тоа е во минатото и нека остане таму. Продолжете понатаму и ќе се изненадите од новите врски.
Откријте и каков пријател ви е потребен според хороскопскиот знак.

