Како поминува времето и луѓето кои раскажуваат за искуствата од војната полека го напуштаат овој свет, во нашите сеќавања остануваат само црно-белите слики кои ги гледаме во учебниците и на филмовите. Сепак, луѓето се бореле во боја, и тоа во многу живи бои.rnrnОвие фотографии ни ги пренесува веб-сајтот Shorpy, а оригинално се направени од Американското воено министерство со Kodachrome филм. Заситените бои и јасните рабови ја враќаат оваа ера во живот како што ниеден друг медиум не може.rnrnСликите ги документираат камионите, авионите, возовите и разните други машини кои се подготвувале на домашниот фронт во исчекување на распалувањето на светот.








rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
