NOA Lounge Bar со освежен амбиент и нови вкусови: Летно искуство покрај Охридското Езеро
Со прекрасен поглед кон Охридското Езеро, освежен амбиент и збогатена гастрономска понуда, NOA Lounge Bar и ова лето е едно од местата кои вреди да се посетат во Охрид.
Новата сезона во NOA носи уште повисоко ниво на услуга, посебно внимание кон секој детал и атмосфера создадена за целосно уживање во летните денови и вечери.

„Сакаме секој гостин да ужива во опуштена атмосфера, прекрасен поглед кон езерото и комплетно гастрономско искуство што ќе го памети“, велат од NOA Lounge Bar.
Богато мени и посебен акцент на храната
Најголемиот новитет ова лето е збогатената понуда на храна. Менито е внимателно осмислено и вклучува свежи салати, квалитетни месни и рибни специјалитети, како и вкусни десерти кои совршено го заокружуваат секој оброк.
Без разлика дали гостите ќе го започнат денот со појадок и утринско кафе, ќе дојдат на ручек со поглед кон езерото или ќе изберат вечера во пријатна атмосфера, целта е секоја посета да понуди ново и комплетно искуство.
Понудата е дополнета и со нови авторски коктели, освежителни летни пијалаци и внимателно избрани вина.
„Сакаме на гостите да им понудиме вкусови и моменти на кои со задоволство ќе се навраќаат“, додаваат од NOA.

Од утринско кафе до коктел покрај зајдисонцето
Она што го издвојува NOA Lounge Bar е можноста гостите да уживаат во различно искуство во секој дел од денот.
Денот може да започне со мирно утринско кафе и поглед кон езерото, да продолжи со вкусен ручек или вечера, а да заврши со авторски коктел во магичниот охридски зајдисонце.
Токму оваа комбинација на локација, храна, пијалаци и атмосфера го прави NOA место во кое туристите и охриѓани можат да добијат сè на едно место.
„Кај нас добиваат прекрасен поглед кон езерото, вкусна храна, одлични коктели, пријатен амбиент и атмосфера во која секој се чувствува добредојден“, истакнуваат од локалот.



Вкусно. Опуштено. Незаборавно.
Доколку NOA Lounge Bar ова лето треба да се опише со само три збора, тие би биле: вкусно, опуштено и незаборавно.
Зад овие три збора стои желбата секоја посета да биде исполнета со добра храна, позитивна енергија и моменти што долго ќе се паметат.
Сепак, од NOA велат дека не сакаат гостите да ги запаметат само по некое јадење, коктел или поглед, туку по целокупното доживување.
„Најмногу сакаме во нивното сеќавање да остане атмосферата – чувството на опуштеност, добрата енергија и желбата повторно да ни се вратат. Тоа е вистинското NOA искуство.“


Со освежен простор, богато мени и поглед кој секогаш остава впечаток, NOA Lounge Bar и ова лето создава место за уживање, дружење и незаборавни охридски моменти.


