По 21 година брак, жена ми сакаше да одведам друга жена на состанок и во кино. Таа ми рече: „Те сакам, но знам дека оваа жена те сака и би сакала да помине некое време со тебе.“rnrn
rnrnДругата жена којашто жена ми сакаше да ја посетам е мојата мајка, која беше вдовица веќе 19 години, но поради работата и трите деца беше невозможно редовно да ја посетувам. Таа вечер ѝ се јавив и ја поканив да одиме на вечера и во кино.rnrn„Што е работата? Да не не си добар?“ – ме праша. „Мислам дека ќе биде убаво да поминам некое време со тебе“ – ѝ одговорив. „Само ние двајца.“rnrnТаа размисли малку за момент и потоа рече: „Многу би сакала.“rnrnТој петок после работа, возејќи накај неа за да ја земам бев малку вознемирен. Таа ја имаше навиткано косата и го имаше облечено истиот фустан што го носеше на прославата на последната годишнина од нејзиниот брак. Се насмевна така што нејзиното лице заблеска како на ангел. „Им кажав на моите пријатели дека ќе излегувам со мојот син и тие се импресионираа“, рече таа влегувајќи во колата. „Едвај чекаат да им раскажам за нашата средба.“rnrnОтидовме во ресторан кој не беше многу луксузен, но сепак беше удобен и фин. Мајка ми ме фати за раката како да беше Првата дама. Откако седнавме, морав да ѝ го прочитам менито. Нејзините очи можеа да читаат само крупни букви. На сред читање го подигнав погледот и ја видов мајка ми како носталгично ме гледа. Имаше носталгична насмевка на усните. „Порано јас бев таа која требаше да ти го чита менито тебе кога беше мал“, рече таа. „Тогаш време е ти да се опуштиш и да ми дозволиш да ти возвратам за услугата“, ѝ одговорив.rnrnЗа време на вечерата имавме пријатен разговор – ништо невообичаено, само си споделувавме што има ново во нашите животи во последно време. Толку се зазборевме што го пропуштивме филмот. Кога стигнавме подоцна до нејзината куќа, таа рече: „Ќе излезам повторно со тебе, но само ако ми дозволиш јас да те поканам тебе.“ Се согласив.rnrn„Како помина вечерата?“ – ме праша жена ми кога стигнав дома.rnrn„Многу фино, подобро одошто би можел да очекувам“ – ѝ одговорив.rnrnПосле неколку дена мајка ми почина од силен срцев удар. Тоа се случи толку ненадејно што немав можност да направам што било за неа. По некое време добив плико со копија од сметка од ресторан, истиот каде што вечеравме јас и мајка ми. На белешката пишуваше: „Ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дека ќе можам да дојдам, но како и да е, платив оброци за двајца – еден за тебе и еден за твојата сопруга. Никогаш нема да сфатиш колку ми значеше онаа ноќ. Те сакам сине.“rnrnВо тој момент ја сфатив важноста на навременото кажување „те сакам“ и посветувањето време на луѓето кои тоа го заслужуваат. Ништо во животот не е поважно од вашата фамилија.
Вистинска приказна: Вечера во ресторан
