Погледнете го ова неверојатно видео кое целосно ќе го промени начинот на кој го гледате светот. За само 82 секунди ќе добиете сосема нова перспектива за површината на Земјата, Сонцето, ѕвездите и животот.rnrnrnrnПовршината на Земјата од највисоката планинска точка до најниската точка во длабочините на океанот изнесува само 18 километри. Всушност, Земјата е многу мазна. Земајќи ја предвид нејзината површина, во просек, таа е помазна и од едно топче за билјард.rnrnНа светлината која доаѓа од вселената ѝ се потребни многу години за да пристигне до Земјата. Тоа значи дека светлината од ѕвездите што ја гледаме на небото настанала пред стотици години. На пример, светлината на ѕвездата Северница е преку 400 години стара. Со други зборови, ноќното небо може да се смета за вистинска временска машина.rnrn
rnrnЧовековото око не е способно да види голем дел од сончевата радијација. Ние можеме да видиме само мал дел од вкупниот спектар на бои. Пчелите, за разлика од нас, можат да гледаат слики кои ние не можеме да ги видиме. Постои еден цел свет во нашиот свет кој е невидлив за нас.rnrnАтомите од кои е составено нашето тело можат да се најдат во елементите кои го создале Универзумот. Тоа значи дека ние живееме во овој Универзум, но и дека тој живее во нас.rnrnНеверојатно! Како се чувствувате сега?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
