На еден од најуспешните подвизи во меѓупланетарното истражување му дојде крајот. Роверот на НАСА ја заврши својата мисија после речиси 15 години истражување на површината на Марс. Овој ровер ѝ помогна на агенцијата да ги постави темелите за идното посетување на црвената планета.rnrn
rnrnРоверот престана да комуницира со Земјата во јули 2018-та година, после огромна песочна бура која ја прекри неговата локација. После илјадници обиди повторно да се воспостави контакт, научниците не успеаја да го оживат роверот. Последната порака од роверот беше примена на 10-ти јуни.rnrnДизајниран да трае само 90 марсовски денови и да пропатува само 1.000 метри, овој ровер ги надмина сите очекувања за неговата издржливост, научна вредност и долговечност. Покрај тоа што „живееше“ 60 пати подолго од очекуваното, роверот пропатува над 45 километри пред да стигне на неговата последна дестинација на Марс.rnrnПоследниот пренос ѝ стави крај на 8-месечната стратегија за повторно воспоставување комуникација со роверот.rnrnРоверот слета на Марс на 24-ти јануари 2004-та година, седум месеци по неговото лансирање. Неговиот ровер близнак, Spirit, се приземји 20 денови порано на другата страна на Марс. Овој ровер помина речиси 8 километри пред да ја заврши неговата мисија во мај 2011-та година.rnrnОд денот на слетувањето на Opportunity, тим од инженери, пилоти за роверот и научници соработуваа за да ги надминат предизвиците и да го однесат роверот од едно место на Марс до друго. Тие бараа пат по кој ќе може да се движи роверот од 174 килограми, но кој сепак бил исполнет со камења, удолници, кратери и други пречки. Последната дестинација на роверот е Долината на истрајноста (Perseverance Valley).rn
„Не можам да помислам на посоодветно место за Opportunity од она наречено Долина на истрајноста. Податоците, откритијата и самата издржливост на овој мал ровер се доказ за генијалноста, посветеноста и истрајноста на луѓето што го изградија и што го контролираа“, изјавил Мајкл Ваткинс од НАСА.
rnПогледнете и дел од фотографиите од Марс што ги направи роверот изминативе години.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
