КАФЕ ПАУЗА

Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат

Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат

Училиште во Шпанија се справува со родовата нееднаквост на свој начин – со учење на момчињата традиционално „женски“ домашни задачи, како шиење и пеглање.rnrnУчилиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијатrnrnУчилиштето Монтекастело стои зад слоганот „Еднаквоста се учи преку дела“. Во 2018-та година, тие решиле да му додадат ново значење на својот слоган, преку програма што ги учи момчињата вештини како готвење, шиење и пеглање.rnrnКоординаторот на училиштето Габриел Браво за ова вели:rn

„Сметаме дека е многу корисно за нашите ученици да научат да ги извршуваат овие задачи, за кога ќе оформат фамилија, да бидат вклучени уште од почетокот, знаејќи дека домот е работа на двајца. Чистењето, миењето садови и пеглањето не се само обврска на жената.“

rnПрограмата е водена од наставници-волонтери, претставници на училишниот кампус, па дури и од татковци на некои од учениците. Таа исто така вклучува часови за традиционално машки вештини, како што се столарството и водоинсталатерството.rnrnУчилиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијатrnrnВработените во училишната администрација дошле до идеја од ваков тип обидувајќи се да смислат начин како да ги научат своите ученици за родовата еднаквост.rnrnМомчињата од Монтекастело прво негодувале за правењето „женски“ работи. Но, за многу кратко ги прифатиле овие активности.rnrnГабриел вели:rn

„На некои им беше прв пат да фатат пегла во рака. Истовремено беше забавно и поучно. Доста сме изненадени, а и родителите се многу среќни.“

rnОвие момчиња дефинитивно ќе станат прекрасни сопрузи еден ден!rnrnПогледнете уште една интересна приказна: Девојче објаснува зошто кажала на училиште дека нејзините одгледуваат марихуана, и нејзиниот одговор е урнебесен!