Линда Далстром Андерсон напишала прекрасен, трогателен есеј за тоа како е да се биде родител откако го изгубила нејзиниот син Феникс. Тој имал само 7 месеци и 4 дена кога починал во Јули 2005 година од бактериски менингитис.rnrn
rnrnЕсејот почнува со следниве зборови кои ќе ви го скршат срцето:rn
„Најчесто се случува додека возам. Мојот 9-годишен син е на задното седиште, зборува или игра игри на мојот телефон. И понекогаш, во мојот ум си создавам слика како до него седи неговиот 11-годишен брат, малку поголема верзија, но со сини очи. Понекогаш се кикотат заедно или се караат за тоа кој има повеќе место. Јас имам два сина. Само што едниот од нив сега е мртов.“
rnАндерсон потоа пишува за тоа како се чувствувала на почетокот кога го изгубила син:rn
„Со месеци подоцна, чувствував дека не можам да го започнам денот ако не одберам облека за него. Во тие неколку моменти, секое утро, кога му одбирав облека и ја доближував до моето лице очајно обидувајќи се да препознам макар некаков остаток од неговиот мирис, повторно му бев мајка на начинот кој ми беше познат.“
rnИсто така пишува како се чувствува сега, 11 години подоцна:rn
„Но, на денот на мајките, секоја година, се обидувам да се фокусирам на весели нешта. Никогаш не сакам да направам Габриел да се чувствува како да не ми е доволен. Тој ми е повеќе од доволен. Тој е моето неверојатно, весело мало момче кое сака да игра кошарка, да експериментира во кујната и кога имам среќа, да се гушка со мене. Не сакам никогаш да се посомнева во фактот дека тој ме исполнува на начин кој не можам ни да го искажам со зборови, и дека сум целосно среќна што сум негова мајка.“
rnТаа споделува и како е да се најде група други родители кои жалат за најмилото на социјалните мрежи:rn
„Се наоѓаме онлајн преку Фејсбук или Твитер. Секоја година откако Феникс почина, добивам пораки од неколку родители со истата судбина кои сакаат да зборуваат. Не им ветувам дека имам какви било одговори. Посакувам да имав. Но можам да ги сослушам и да им кажам дека не постои погрешен начин за да жалат по нивното дете. Исто како што љубовта спрема нивното дете е посебна, така е посебен и начинот на кој ја искажуваат својата тага. На денот на мајките, јас и други ужалени мајки си ги посетуваме профилите на Фејсбук една на друга за да си кажеме дека се сеќаваме на детето кое починало. Споделувам сеќавања, ако ги имаме, ги изговараме нивните прекрасни имиња и благодарни сме им на нашите пријатели и членови од семејството кои истото го прават за нас.“
rnНема поголема болка од болката на мајката предизвикана од загубата на нејзиното дете. Но, оваа жена е пример за тоа дека животот продолжува понатаму. Таа нашла начин да се избори со тагата и да собере сила да биде среќна и добра мајка на нејзиното второ дете. Тоа не значи дека таа го заборавила изгубеното дете. Тоа засекогаш ќе остане запечатено во нејзината глава како едно убаво сеќавање, кое за жал траело премногу кратко.