Урбан Фест 2026 ја обедини македонската музичка сцена: две вечери исполнети со музика, емоции и илјадници посетители

Сподели

Со одлична енергија, силна посетеност и богата музичка програма, успешно заврши второто издание на Урбан Фест – единствениот радиски фестивал на отворено во Македонија.

Реклама
Реклама

Фестивалот се одржа на 9 и 10 јуни на локацијата „Вембли“ во Градски парк, каде во текот на двете вечери илјадници посетители имаа можност да уживаат во настапи на голем број македонски изведувачи и диџеи, кои ја претставуваат современата домашна музичка сцена.

Реклама
Реклама

На втората фестивалска вечер настапија Зарина Првасевда, Миа Перевска, Полина, Симона Поповска, Александар Тарабунов, Сара Мејс, Тони Зен, Два Бона, Ерик Фокс и Преку Ред, кои со своите настапи ја заокружија дводневната музичка приказна и придонесоа за уште една вечер исполнета со одлична атмосфера, емоции и силна поврзаност со публиката.

Реклама

Првата фестивалска вечер, пак, ја одбележаа настапите на учесниците од проектот „Музичка фабрика“ и голем број млади и веќе етаблирани артисти, со што Урбан Фест уште еднаш ја потврди својата отвореност кон различни генерации и музички стилови.

Влезот за сите посетители беше бесплатен, што овозможи фестивалот да биде достапен за широка публика и да создаде вистинска заедничка фестивалска атмосфера во срцето на градот.

Со своето второ издание, Урбан Фест уште еднаш ја потврди својата мисија – поддршка и промоција на македонската музика, создавање простор за домашните автори и изведувачи и градење силна заедница околу современата музичка сцена.

По повод роденденот на Urban FM и крајот на учебната година, фестивалот и оваа година ја слави домашната музика, младите таленти и современата македонска музичка сцена, оставајќи силен белег во летниот културен календар на Скопје.

Најново

Може ќе ве интересира