КАФЕ ПАУЗА

Првото долгорочно истражување покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок

Првото долгорочно истражување покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозок

Грижата за децата отсекогаш била напорна работа. Треба постојано да внимавате на нив, секојдневно да ги учите на нешто ново, но и да им го задржувате интересот. Понекогаш овие навидум едноставни задачи се невозможни за изведување. Без разлика колку го сакате вашето дете, понекогаш сигурно сакате да имате и малку помош. Со развојот на технологијата, смартфоните полека станаа едни од помошниците.rnrnПрвото долгорочно истражување покажува дека само 2 часа поминати пред екран го оштетуваат детскиот мозокrnrnПолни со апликации за учење и за забава, смартфоните се совршените асистенти кои не само што го држат детето зафатено, туку и му помагаат да научи нешто. Но колку се всушност штетни за детскиот мозок?rn

Што кажува новото истражување?

rnНационалниот институт за здравје го започнал првото истражување од овој вид со цел да открие какво влијание има времето поминато пред екран врз детскиот мозок. Научниците следат околу 11.000 деца на возраст од 9 и 10 години и го набљудуваат начинот на којшто ги користат смартфоните, времето поминато со нив и влијанието од оваа активност. Една од авторките на истражувањето, Гаја Даулинг, тврди дека ќе добијат добар увид за зависноста од екрани.rn

Раните резултати не изгледаат добро

rnИако истражувањето сè уште се одвива, веќе има некои рани резултати. Тие покажале дека дури и околу 2 часа интеракција со екран можат да бидат штетни за вашето дете. Бидејќи во истражувањето се набљудува и мозочната активност, децата кои користеле екрани биле замолени да направат тест за јазик и когнитивни способности. Резултатите биле застрашувачки – тие имале помалку поени од стандардното очекување од децата.rnrnПа како една ваква навидум едукативна технологија се претвора во нешто штетно? Доктор Димитри Кристакис има навистина едноставен одговор – кога децата користат телефони, тие комуницираат со дводимензионални објекти и учат дводимензионални вештини. Проблемот е што тие не живеат во дводимензионален свет. Кога ќе ги тргнат очите од екранот и ќе се соочат со тродимензионалниот свет, реалноста ги „удира“ во лице. Не знаат како навистина да се однесуваат во овој целосно нов 3Д (реален) свет. Треба одново да учат, а ова учење е тешко бидејќи треба да го одделат од она што веќе го научиле од времето поминато пред екран.rnrnОва може да се докаже со навистина едноставен експеримент. Замислете си дека сакате да го видите детето како ги користи мозокот и креативноста за да изгради структура со коцки на екран, користејќи виртуелни коцки во контролиран виртуелен свет. Подоцна кога ќе му дадете реални коцки тоа ќе се збуни. Ќе треба да ја научи интеракцијата одново, а за ова ќе му биде потребно повеќе време од вообичаено.rn

Кое е решението?

rnМозочните скенирања покажале нешто ужасно – децата кои минуваат над 7 часа дневно пред екран можат да се соочат со прерано слабеење на нивниот кортекс. Родителите би требало да бидат загрижени за ова. Американската академија за педијатрија предлага дека треба да постои строго ограничување за употребата на смартфони од страна на децата. Тие препорачуваат времето поминато пред екран да се ограничи само на видео повици. Ако децата имаат дозвола да користат смартфони, треба да се под постојан надзор. Заедничкото гледање/користење е најдобро – децата го искусуваат 2Д светот, но од друга страна треба да комуницираат со реалната личност која ја користи направата со нив.rn

Основни правила

rnОвие водичи за употреба на смартфоните од страна на децата се засновани на почетните резултати од истражувањето. Сепак, потребна е основа за сите правила која ќе се добие по завршувањето на истражувањето. Научниците се надеваат дека штом ќе дојде крајот, ќе се појават нови области за истражување и ќе се покаже дали зависноста од екран е реална или не. Исто така ќе се открие и колку е навистина штетна и ќе добиеме подобри насоки за употребата на технологија.rnrnСветот се менува брзо, понекогаш дури и пребрзо за нас. Не знаеме дали технологијата што ја користиме навистина ни помага или не. Човечкиот мозок е комплициран, па најдобро е да се држиме до тестираните методи сè додека не дознаеме што ни носи оваа нова технологија.rnrnДоколку сте загрижени дека и вашето дете поминува премногу време пред екран, пробајте да ја зголемите неговата физичка активност со некои од најдобрите вежби за деца.