Алберт Ајнштајн отсекогаш имал важно место во историјата поради неговата интелигенција и бројните откритија во текот на животот. Поради ова, не е ни чудно што некои од неговите белешки се навистина вредни. Но, дури и луѓето од аукциската куќа биле изненадени за цената која ја достигнале овие белешки.rnrn
rnrnСтанува збор за запис кој Ајнштајн го направил додека бил во Токио во 1922 година. Ова било додека имал пауза помеѓу неговите предавања. Денот кога го запишал ова, бил денот кога дознал дека ќе ја добие Нобеловата награда.rnrnСпоред приказната, Ајнштајн ја добил информацијата за Нобеловата награда од едно момче кое работело во хотелот. Но физичарот немал ситно за да му даде бакшиш. Наместо пари, тој на момчето му дал две ливчиња на кои имало напишано нешто. На првото ливче Ајнштајн ја објаснил својата теорија за среќа. Пораката била напишана на германски, а во превод би значела:rn
„Мирниот и скромниот живот носи повеќе среќа отколку бркањето на успехот придружено со постојан немир.“
rn
rnrnВтората порака гласела:rn
„Каде што има волја, има и начин.“
rnСпоред информацијата од аукциската куќа која ги продала белешките, Ајнштајн бил свесен за нивната вредност. Наводно, тој го посоветувал момчето да ги чува бидејќи голема била веројатноста да станат многу повредни од еден нормален бакшиш.rnrnЕдна од белешките била продадена за повеќе од милион долари, и сигурно ги надминала предвидувања на Ајнштајн. Белешката која ја содржела теоријата за среќа била продадена за 1,56 милиони долари. Втората, помала белешка била продадена за 250.000 долари. Иако не се ни споредува со првата, и оваа сума е импресивна.rnrn
rnrnСпоред Мени Чадад кој е портпарол на аукциската куќа, внукот на момчето кое ги добило пораките од Ајнштајн ја побарало аукциската куќа неколку месеци пред аукцијата. Од таму ја потврдиле автентичноста на белешките пред да ја планираат аукцијата. Тие предвиделе дека белешките би се продале по цена од 5.000 до 8.000 долари. Наддавањето започнало со 2.000 долари, но за многу брзо време сумата достигнала 6 цифри. Чадад изјавил:rn
„Ова беше рекорд за аукција на документ во Израел и бевме вчудовидени. Мислам дека високата вредност потекнува од фактот дека советот на белешката е навистина инспиративен, а Ајнштајн е рок ѕвезда години по неговата смрт.“
rnТоа што белешките се продадени во Израел навистина одговара бидејќи Ајнштајн бил многу поврзан со државата. Тој бил еден од основачите на Хебрејскиот Универзитет. Тој ги оставил и своите истражувања на универзитетот. Кога универзитетот бил отворен во 1925 година, сопругата на Ајнштајн, Елса, донирала дел од неговите записи за теоријата на релативност.rnrnСо ова станува јасно дека бакшишот на Ајнштајн е еден од најголемите низ историјата, иако тој можеби не бил свесен за тоа. Според Чадад, семејството на момчето било навистина среќно.rnrnПрочитајте ги и овие 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн!
