Замислете дека вашиот сопруг не ве почитува и ве гледа само како негова сопственост и ништо повеќе. Да, вашиот живот нема да биде убав. Дајте си време пред за се вљубите и пред да донесете одлука за брак. Добро запознајте го партнерот и внимавајте да не има некоја од следниве навики.rn
1. „Затворен“ ум
rn
rnrnМаж кој не ви верува секогаш ќе ви забранува некои работи без разлика колку сте лојални. Секогаш ќе има некакви услови. Тој може да ве спречи да правите и најнормални работи од страв дека ќе се случи нешто лошо. Секој маж со ваква негативност го има потенцијалот да ви го уништи животот. Подобро прекинете ја врската отколку подоцна да зажалите.rn
2. Мрази животни
rn
rnrnСекој човек кој мрази животни има недостаток на емпатија. Алергиите се нешто сосем друго, но мразењето на животните не доаѓа предвид.rn
3. Правилата на една врска не му значат ништо
rn
rnrnСекоја врска си има некои правила, и ако вашиот партнер постојано ги прекршува, тогаш тој не ве почитува ниту вас, ниту вашата врска. Ако тој постојано ги повторува истите грешки, не е вреден за вашето време и љубов.rn
4. Не ги исполнува ветувањата
rn
rnrnАко постојано ги прекршува ветувањата, ова значи дека тој не ве сфаќа сериозно. Не му е грижа што мислите или што ќе кажете. Понекогаш се случува секој да погреши, и тоа се простува, но ако тој си игра со вас, не вреди да останувате со него.rn
5. Вие секогаш сте на второ место
rn
rnrnВрската е заснована на давање и добивање. Ако вие сте единствените кои се трудат околу врската, додека тој не прави ништо, вашиот живот нема да биде среќен.rn
6. Нема моменти на „откровение“
rn
rnrnАко тој постојано мисли дека сè што прави е правилно и не може да згреши, тогаш тој живее во фантазија дека е совршен. Мажот кој смета дека постојано е во право никогаш нема да си ги признае грешките. Ова однесување може само да ви наштети.rn
7. Премногу изговори
rn
rnrnИзговорите се најдобар начин да кажете: „Имам нешто поважно за правење и ти не ми значиш.“ Ако тој постојано има изговори и ги прикрива работите на начин кој нема смисла, тогаш е очигледно дека тој не е заинтересиран за вас. Во тој случај, престанете да си го трошите времето со него.rnrnПродолжува на следната страница…rn