КАФЕ ПАУЗА

Технолошки совети од една бабичка

Технолошки совети од една бабичка

Written by

in

Децата, а особено тинејџерите, никогаш не ги слушаат советите кои им ги даваат нивните родители, баби и дедовци, бидејќи сметаат дека знаат сè и нема потреба ништо да им се објаснува. Но, Аргентинецот Чачо Пуебла, кој работи во маркетинг агенција во Мадрид, сфатил дека, како одминуваат годините, сè повеќе му ги кажува на неговиот син, истите совети кои ги сметал за неважни кога тој бил дете. Како што се навраќал кон спомените поврзани со вредностите на кои неговото семејство го учело, почнал да се запрашува какви совети би сакал да слушне поврзани со денешниот стил на живот.rnrn

Технолошки совети од една бабичка
„Никогаш, ама баш никогаш не му дозволувај на партнерот да ја дознае твојата лозинка. Верувај ми.“
rnrnЧачо ги искомбинирал талентот на неговата сестра за фотографија, прекрасните манекенски пози на неговата баба и неговата љубов кон типографијата и така го создал неговиот фантастичен проект „Grandmother Tips“ (Совети од баба). Советите се однесуваат на денешнава ера на технологии и социјални медиуми, кои се убаво дизајнирани на хартија, а позирањето на неговата „модерна“ баба, ги прави овие фотографии неверојатно слатки и интересни.rnrn
Технолошки совети од една бабичка
„Немој да мислиш дека си фотограф, само затоа што користиш Инстаграм.“
rnrn
Технолошки совети од една бабичка
„Никогаш немој да играш 'World of Warcraft'. Многу, многу, многу е заразно.“
rn

„Ја обожавам типографијата уште од кога бев дете. Сакав да направам нешто во врска со тоа. Фино е што на луѓето им се допаѓа.“

rn

Технолошки совети од една бабичка
„На Вимео има подобар квалитет, но на Јутјуб има повеќе содржина.“
rn

На прашањето, како неговата баба реагирала на овој проект и популарноста која ја стекнува, Чачо вели: „Таа е навистина среќна, но не бидејќи се гледа себеси на интернет (таа не ни знае што е тоа интернет)… но сака да го направи нејзиниот внук среќен, така што ќе му помогне околу работата на неговите проекти.

rn

Технолошки совети од една бабичка
„Синко, немој да твиташ, само колку да се рече дека си твитнал.“
rnrnИ покрај тоа што неговиот проект ја потенцира разликата помеѓу генерациите, тој смета дека, во принцип нема толку големи разлики, освен во начинот на комуницирање.rnrn
Технолошки совети од една бабичка
„Немој да купуваш апликација која има грдо лого.“
rn

„Напредокот во технологијата и индустријата и промените во животниот стил, сигурно изгледале возбудливо и застрашувачки и порано, исто како што ни изгледаат нам сега, но сепак, преминувањето од радио на телевизија изгледа како помал чекор во однос на она што се случува сега. Мене ми изгледа како целата човекова раса да расте. Технологијата и новите начини на комуникација, социјализација и споделување, нè принудуваат да се втурнеме во нешто големо. Се надевам дека ваквиот начин на живот е чекор напред, бидејќи сум многу засрамен од она што ние, како човечка раса, сме го постигнале за сиве овие години и не сме еволуирале брзо како нашите пронајдоци.“

rn

Технолошки совети од една бабичка
„Немој да веруваш во сè што ќе прочиташ и видиш на Википедија.“
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.