Ват Рон Кун или познат како белиот храм во Тајланд е изграден со многу едноставна идеја. Креаторот Чалермчаи Коситпипат сакал да го создаде најубавиот храм на светот. Без сомнение, секој што ќе зачекори во него ќе биде импресиониран.rnrn
rnrnКога стоите пред храмот, соочени сте со грст очајни раце. Според будизмот, ова е пеколот – бескрајната бездна од човечки желби. Штом ќе го поминете мостот над „пеколот“, ќе ве пречекаат статуи на чуварите на рајот. Оттука веќе нема враќање, буквално. Единствениот пат е напред и ако се обидете да се вратите чуварот ќе почне да ви вика. Поминувањето на мостот од „пеколот“ до „рајот“ го симболизира будистичкото просветлување.rnrn
rnrnСе разбира, нема да уживате во храмот доколку не ја знаете приказната на неговиот креатор. Чалермчаи бил роден во Чианг Раи каде што студирал уметност. Неговите рани дела вклучуваат храмови во таи будистички стил. Но, во Тајланд неговите дела се сметаат за контроверзни поради мешавината од модерни културни симболи и традиционална тајландска уметност.rnrn
rnrnТој низ својот живот живеел во Шри ланка и во Лондон каде ги продавал неговите дела, а одржувал и изложби низ Европа и Азија. Потоа се вратил во својот роден град за да работи на храмот кој тогаш се распаѓал. До денес потрошил над милион евра негови пари за овој проект, но прима и донации.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Неверојатен бел храм во Тајланд што ги претставува рајот и пеколот
