rn
Јули – Рубин
rn
rnrnАнтичките Индијци го нарекувале рубинот „крал на скапоцените камења“. Се верувало дека овие црвени камења го заштитуваат нивниот сопственик од зло, но и дека привлекуваат среќа и љубов. Доколку вечерва треба да излезете на љубовен состанок, нема да погрешите доколку се накитите со овој скапоцен камен.rn
Август – Оливин
rn
rnrnДали глетката на зелени лисја на дрвјата по долгата зима ве прави среќни? Истата филозофија важи и за светкавиот зелен оливин. Според легендата, овие весели скапоцени камења се солзите на вулканската божица Пеле и имаат моќ да ве заштитат од депресија и негативни мисли. Ве очекуваат многу стресни настани наредна недела? Можеби треба да ставите некаков накит со оливин за да го задржите позитивното расположение.rn
Септември – Сафир
rn
rnrnОвие прекрасни сини камења се толку моќни што во минатото луѓето ги ставале отровните змии во садови со сафир обидувајќи се да ги убијат. Така се родила идејата дека овој скапоцен камен треба да се користи како заштита од зло и болести. Поради тоа, сафирот со векови бил омилениот камен на свештениците и благородниците.rn
Октомври – Опал
rn
rnrnИмето на овој скапоцен камен потекнува од латинскиот збор „opalus“ што во превод буквално значи „скапоцен камен“ и претставува симбол на самодоверба, невиност и креативност. Опалот ги покажува дамките на човечките очи, па затоа се смета дека го подобрува видот и ги заштитува очите. Можеби освен вашите очила за сонце и шешир треба да го носите и вашиот прстен со опал нареден пат кога ќе одите на плажа.rn
Ноември – Топаз
rn
rnrnВо Средниот век свештениците носеле топаз за да промовираат чиста мисла и да ја негуваат добрата волја кај луѓето. Денес, топазот се смета и за симбол на пријателството. Се верува дека овие скапоцени камења му помагаат на сопственикот да оствари значајни врски и односи со луѓето во неговиот живот. Доколку барате работа, можеби треба да ставите некаков накит со топаз за да си помогнете во потрагата. Што можете да изгубите?rn
Декември – Тиркиз
rn
rnrnАцтеките и Египќаните го обожавале тиркизот за кој се верува да ја поттикнува опуштеноста и смиреноста кај луѓето. Многу древни култури верувале дека овој скапоцен камен исто така нуди заштита од злобните очи (односно луѓето кои не ви мислат добро). Ако мислите дека сте опкружени со непријатели и токсични луѓе, слободно ставете го вашиот тиркизен прстен и избркајте ги злобниците.rnrnВо продолжение дознајте повеќе за моќта на драгоцените камења.
