Многу луѓе веруваат дека безусловната љубов е само мит, но кога ќе ја слушнат приказната за познатиот Таџ Махал, тие се присилени да го сменат своето мислење. Ова здание изгледа како совршен бисер што привлекува милиони луѓе од целиот свет. Иако речиси секој е свесен за уметноста која ја крие, многу луѓе не знаат дека Таџ Махал е знак за мистерија и љубов.rnrnИсторијата знае за многу примери за неверојатни и исклучителни архитектски структури како Ајфеловата кула, Египетските пирамиди, Големиот ѕид во Кина и многу други, од кои најмагичната е Таџ Махал. Оваа градба била конструирана од страна на моголскиот император Шах Џахан во спомен на својата сакана сопруга, Мумтаз, во Агра, Индија, на брегот од реката Јамуна.rnrnСпоред неверојатните приказни, Шах Џахан побарал од своите потчинети да ги исечат рацете на архитектот и на работниците откако структурата била целосно завршена, за ниту еден од нив да не може да изгради ништо слично на Таџ Махал. Постојат и многу други неверојатни факти што треба да се знаат за оваа историска знаменитост, па во продолжение ви споделуваме дел од нив…rn
1. Совршена симетрија
rn
rnrnТаџ Махал е совршено симетричен, сите ѕидови, соби, па дури и градините ја следат оваа симетрија. Само гробниците на кралот и кралицата не спаѓаат овде.rn
2. Промена на бои
rn
rnrnНаутро Таџ Махал изгледа розово, на пладне е жолт, приквечер е млечно бел, а навечер има златна боја. Некои луѓе сметаат дека оваа промена на боите го претставува променливото расположение на жените.rn
3. Четири минариња
rn
rnrnМинарињата на Таџ Махал се благо накривени. Причината за ова е заштита од земјотреси.rn
4. Калиграфија
rn
rnrnНа надворешниот дел, како и во внатрешноста, се испишани 99 имиња на Алах со прекрасна калиграфија.rn
5. Тајни премини
rn
rnrnПостојат неколку тајни простории и премини во палатата. Тие биле затворени уште во времето на Шах Џахан и се непроменети до денес.rn
6. Повисок е од Кутуб Минар
rn
rnrnВисината на Таџ Махал е 74 метри, додека висината на познатата кула е „само“ 72 метри.rn
7. Прилив на вода
rn
rnrnСпоменикот внатре има мал прилив на вода која постојано тече. Нејзиниот извор не е познат и до денес е мистерија.rn
8. Религиозни конфликти
rn
rnrnМногу религиозни конфликти го опкружуваат овој историски споменик. Многу луѓе сметаат дека градбата првично била храм на богот Шива и дека собите кои се затворени имаат статуи од овој бог. Владата не сака да се појавуваат нови конфликти, па не ги отвора овие простории за јавноста.rn
9. Оптичка илузија
rn
rnrnКога се приближувате кон влезот, тој изгледа сè помал, а кога се оддалечувате, изгледа поголем. Туристичките водачи секогаш велат дека кога заминувате, го земате Таџ Махал во вашето срце.rn
10. Шах Џахан сакал да гради уште еден Таџ Махал
rn
rnrnСе верува дека Шах Џахан планирал да изгради уште едно здание од црн мермер од другата страна на реката Јамуна и да ги поврзе двете палати со мост. Но, војните со неговиот син му ги попречиле плановите.rnrnПогледнете и зошто треба да ја посетите Индија.