КАФЕ ПАУЗА

Супердрвјата во Сингапур

Супердрвјата во Сингапур

Written by

in

Како дел од новиот центар кај заливот Марина во Сингапур се наоѓа прекрасен парк во кој има градини, мостови, патишта високо над земјата и различни видови растенија. Зелениот дел е прогласен како „хортикултурен рај“, но тоа што привлекува најмногу внимание се огромните биоми наречени „Облачна шума“ и „Цветна купола“ каде што се наоѓаат и масивните дрвја кои се вештачки направени.Супердрвјата во СингапурБиомите се со големина колку 4 фудбалски игралишта и полека стануваат дом на 220.000 растенија од сите континенти на нашата планета. Интересен факт за Цветната купола е дека хортикултурниот отпадок се употребува како „гориво“ за генерирање енергија која е потребна за одржување на климата во овој биом.Супердрвјата во СингапурШто се однесува до супердрвјата, тие се со висина од 25 до 30 метри и највисоките од нив се меѓусебно поврзани со мостови каде што има одличен поглед кон целиот парк. Официјалното отварање на паркот било на 29 јуни 2012 година. Погледнете ги и наредниве неколку фотографии од овие фасцинантни структури:Супердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во СингапурСупердрвјата во Сингапур
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.