Колку и да ви звучи убаво и зрело пријателството со бившите партнер или партнерка, ретко кој успеал да одржи добар пријателски однос без скриени агенди. Едноставно постои нешто навистина чудно и необјасниво во обидот да се одржи врска со личност која се обидувате да ја оставите зад себе на љубовно поле. Изгледа дека и науката го потврдува овој факт.rnrn
rnrnСпоред една студија спроведена на Универзитетот Оукланд, луѓето со „потемни видови карактери“ остануваат пријатели со нивните бивши партнери исклучиво од практични причини, што е исто толку злобно колку што звучи. Овие практични причини опфаќаат сè од секс до потребата да се искористи и контролира таа личност.rnrnСпоред овие резултати лесно може да се дојде до заклучок дека доколку вие или вашиот бивш партнер сакате да останете во пријателски однос, постои голема шанса дека еден од вас е нарцисоидна личност или психопат, или во најлош случај и двете. Што мислите, дали вашиот партнер има „задни намери“ при обидот да го задржи пријателството меѓу вас?
Студиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившите
