Авионите претставуваат сосема различни светови за стјуардесите и за патниците. Додека стјуардите и стјуардесите ги знаат сите тајни на ова превозно средство, луѓето кои го користат немаат поим за нив. Ова се 10-те совети што треба да ги знаете за да уживате максимално на кој било лет…rn
1. Не срамете се да побарате уште храна
rnХраната што се нуди во авионите има краток рок на траење, бидејќи таа била донесена веќе приготвена. Вишокот храна што ќе остане се фрла веднаш по летот. Токму затоа, ако вашиот стомак бара уште, не срамете се да побарате репете.rn
2. Проверете дали имате елек за спасување пред да полетате
rnМожеби ќе ви звучи чудно, но навистина се случува: Некои патници ги крадат елеците под седиштата за да си ги зачуваат како сувенири. Од безбедносни причини, ѕирнете си под седиштето пред да полетате за да видите дали има елек.rn
3. Ако сте испушиле цигара, користете ги пепелниците
rnМожеби сте забележале дека иако пушењето во авион е строго забрането, сепак има пепелници во тоалетите. Луѓето пушат цигари и покрај казните. Во таков случај, подобро е да ги стават цигарите во пепелник отколку да ги фрлат во корпа за отпадоци. Доколку се заборавите и запалите цигара во тоалетот, бидете љубезни и употребете го пепелникот. И потоа секако платете си ја казната.rn
4. Обидете се да не повратите за време на летот
rnПовеќето авионски компании само површно го чистат авионот по летот. Не ги перат ќебињата и перниците туку само ги диплат. Не ги мијат послужавниците за храна, послужавниците на седиштата само ги забришуваат. Подовите ги чистат, но не можете да знаете со сигурност дали на вашето седиште седел патник кому одеднаш му се слошило и повратил.rn
5. Не заборавајте дека вратата од тоалетот може да се отвори однадвор
rnСтјуардите и стјуардесите имаат клучеви во случај некој од патниците да се заглави во тоалетот. Освен тоа, многу авиони имаат инсталирано механизам за отклучување на вратата од тоалетот под знакот за забрането пушење. Ако го подигнете металот со слика од цигара на него и го завртите шрафот, вратата ќе се отвори.
Продолжете на следната страница за останатите тајни што ги откриваат стјуардесите…

