КАФЕ ПАУЗА

Стјуардесите ги откриваат најчудните работи кои ги виделе за време на авионските летови

Не постои никаков сомнеж дека стјуардесите имаат многу уникатни привилегии, како на пример можноста да патуваат околу светот за мала цена или пак, уште подобро, бесплатно. Но, како и секоја работа, така и нивната доаѓа со низа предизвици и непријатни ситуации. Покрај откажувањата и задоцнувањата на летовите, подготвеноста да се работи 24/7 – и за викенди и за празници, стјуардесите секојдневно се сочуваат и со секакви карактери и однесувања, а некои од нив доволно чудни за да го тестираат сечие трпение. Погледнете 10 од најчудните работи кои стјуардесите ги виделе за време на авионските летови.rnrnСтјуардесите ги откриваат најчудните работи кои ги виделе за време на авионските летовиrn

1. Нетрпеливи патници

rnВо 2014-тат година, еден патник кој патувал со кинеската авиокомпанија „China Eastern Airlines“ ја активирал итната лизгалка која секој авион ја поседува, кога слетале на интернационалниот аеродром во Феникс, „Санија“, само затоа што сакал побрзо да се симне од авионот. Иронично, инцидентот предизвикал авионските процедури да бидат со задоцнување од два часа и штета во вредност од 16.000 американски долари.rn

2. Експлозивни електронски цигари

rnВо март годинава, еден лет од компанијата „Delta Air Lines“ бил откажан на интернационалниот аеродром во Атланта откако една електронска цигара во сопственост на еден од патниците се запалила во авионот. На патниците им е дозволено да носат е-цигари кои работат на батерии, но оние кои работат на литиумски јонизирани батерии се забранети, бидејќи можат да експлодираат кога ќе се оштетат.rn

3. Миризливи тоалети

rnЛетот со еден авион од компанијата „British Airways“ кој патувал на релацијата Лондон – Дубаи морал да биде принудно запрен поради непријатната миризба која доаѓала од тоалетот. Во официјалните извештаи стои дека миризбата била штетна за здравјето и безбедноста на патниците, бидејќи во авионите се прочистува само половина од воздухот. Патниците биле сместени во хотел сѐ до наредниот слободен лет.rn

4. Оставени животни

rnПовеќе од 700 членови на авионските екипажи пријавиле долги листи на предмети кои патниците ги заборавиле во авионите. Меѓу нив се наоѓале сокол, риби, куче, желка и папагал.rn

5. Готвење со авионска вода

rnПатниците неретко се обидувале да направат супи користејќи авионска вода. Поранешната стјуардеса Хедер Вајлд вели дека цевките никогаш не биле исчистени.rn

6. Барања за чудни предмети

rnЕдна стјуардеса по име Бети на својот блог, „Исповести на една лута стјуардеса“, вели дека најчестите чудни предмети кои ѝ биле побарани од патниците всушност биле секојдневни предмети кои биле користени за несекојдневни намени. Како на пример, пинцета за да се извади трн од задникот, пенкало за да се исчистат ушите, шрафцигер за да се расклопи седиштето и чаша, капак, цевка и нож за да се направи катетер.rn

7. Необични несреќни случаи

rnСтатистички, патниците биле најчесто пијани кога патувале за Лас Вегас. Еднаш, еден патник со онесвестил додека бил во тоалетот, паднал наназад и завршил на подот со откопчан патент и откриени гениталии. Стјуардесите биле принудени да му помогнат во оваа срамна и чудна ситуација.rn

8. Зомби

rnЛуѓето кои имаат потешкотии да заспијат често земаат Золпидием (Амбиен) што се зема како лек за инсомнија. Но, кога лекот се зема во авионот, може да предизвика чудни несакани дејства кај патниците, како шетање гол низ авионот и паѓање, целосно несвесно.rn

9. Проблеми со мачките

rn

„Познавам повеќе од една колешка стјуардеса која имала непријатна ситуација во која требало да ѝ објасни на некоја жена дека нема да ја дои нејзината мачка. Да, читате правилно: Доење. На. Мачка. И ова не е изолиран инцидент“, пишува Бети на својот блог.

rn

10. Пајаци кои бегаат

rnДури и најсмирените патници ќе почнат да паничат кога ќе слушнат дека во летот им се придружил голем пајак кој е нечие изгубено милениче…