Ако ви фалат идеи како да импресионирате некого, животните можат да ви помогнат.rnrn
rnrnКога еленот ќе се вљуби, спремен е да загуби и до 30% од сопствената тежина, само за да ја привлече саканата. Дури потоа следува борбата со рогови со другите елени.rnrnЦарскиот пингвин ги користи своите вокални способности за серенада. На својата партнерка може да ѝ испее цела песна за да го освои нејзиното срце.rnrn
rnrnЕден вид врапчиња кој живее во Австралија и Океанија во животинскиот свет е познат по својата посветеност кон семејството со тоа што гради куќа од стапчиња, треви и ситни предмети во разни бои. Не гнездо, туку цела колиба во која лесно ги собира нив двајцата со малечките. Убавината на куќата ја привлекува женката.rnrn
rnrnФламингото прави движења со кои ги покажува своите пердуви. Со нив ја импресионира потенцијалната партнерка и таа полесно му се предава.rnrnСлично се однесува и паунот. Кога ќе ги покаже пердувите на својата опашка веднаш станува привлечен.rnrnПриродата им дала егзотични шарени костими, но рајските птици додаваат и сопствена кореографија во обидот да најдат партнерка.rnrnrnrnИ птицата манакин танцува. Тие се перчат пред девојките од нивниот вид со месечевиот од, познат од сценските настапи на Мајкл Џексон.rnrnrnrnРозовиот делфин од Амазон настапува многу директно, давајќи ѝ камења на својата сакана. Тоа не се скапоцени камења, туку обични речни камења што ги наоѓа додека плива. Сепак, тие имаат голема вредност во делфинскиот свет.rnrnЖелките мавтаат со ноктите пред лицето на својата избраничка. Кога таа ќе го насочи погледот кон него после овој чин, значи дека срцето ѝ е освоено.rnrnВообичаеното однесување машкиот рак го заменува со несекојдневни движења на канџите, само за да ѝ „боде“ очи на потенцијалната партнерка.rnrnrnrnБелоглавиот орел ја носи женката во авантура со тоа што прави спектакуларни превртувања додека лета заедно со неа.rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
