КАФЕ ПАУЗА

Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

При толкувањето на сонот покрај контекстот треба да се обрати внимание и на помалите детали. Сепак, со оглед на тоа дека многумина од нас честопати сонуваат како патуваат, експертите се одлучија да дадат свое толкување за значењето на овој сон.rnrnСонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертитеrn

Толкување на сонот

rnВажно е да се напомене дека обидите за толкување на соништата врз научна основа се главно неуспешни. Општо земено, соништата се сметаат како средство за зацврстување на меморијата и потенцијално „предвидување“ на иднината (нашиот мозок поминува низ потенцијални сценарија што би можеле да се случат). Како и да е, секој барем еднаш во животот сонил сон што му се чинел премногу релевантен за сето она што моментално се случува и се запрашал кое е значењето на сонот. Само вие самите можете вистински да разберете што значат симболите во вашите соништа, но постојат некои вообичаени елементи во соништата, а се предмет на истражување.rn

Причини зошто сонувате како патувате

rn

1. Копнеете по слобода

rnДоколку сонувате дека патувате може да значи дека сте во потрага по слобода. Според научниците, во овој период на ограничувања, вашата желба за слобода на движење се одразува токму преку овие сонови.rn

2. Вашиот живот е полн со случувања и активности

rnПокрај желбата за слобода, соништата со патување можат да навестат дека има некакво движење во вашиот живот, без разлика дали е лично, професионално или географско.rn

3. Работите се под ваша контрола

rnДоколку во сонот патувате во возило и тоа сосема мирно, без никакви пречки, значи дека најверојатно чувствувате контрола над некој аспект од вашиот живот.rn

4. Работите се надвор од контрола

rnОд друга страна, доколку возилото во кое патувате наиде на некакви пречки на патот, тоа може да значи дека се соочувате со тешкотии при реализирање на вашите нови планови и дека најверојатно патот кој сте го избрале не е вистинскиот. Доколку во сонот возите автомобил и доживеете сообраќајна несреќа, тоа значи дека сте под некаков емотивен стрес.rn

5. Имате напредок во кариерата (или размислувате во таа насока)

rnДоколку сонувате како летате во авион, тоа може да биде поврзано со вашата кариера, бидејќи како што авионот полетува за да се вивне во небото, така и вие посакувате вашата кариера да достигне ново ниво. Од друга страна, авионите можат да го претставуваат и вашиот духовен свет.rn

6. Барате нешто

rnВо зависност од вашата дестинација, соништата како патувате можат да значат дека барате нешто во вашиот живот. Така, на пример, доколку вашата дестинација е плажа, тоа значи дека копнеете по мир. Доколку пак, патувате накај болница, тоа би можело да значи дека сте на патот кон исцелувањето.rnrnОткако прочитавте за толкувањето на соништата со патување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто имате повторливи соништа и што значат тие.rnrnИзвор: mindbodygreen.comrnrn