Кои хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица, а кои нема да ви обрнуваат многу внимание?

Сподели

Некои хороскопски знаци се целосно посветени на своите партнери, додека пак други не чувствуваат потреба романтично да ја изразуваат својата љубов. Можеби вие им значите многу, но тие не секогаш се расположени да ви угодуваат. Во продолжение погледнете кои од хороскопските знаци ќе ве чуваат како кралица, а кои нема да се грижат толку за вас.

Реклама

rn

Овен

rnОвенот сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека е потребно повремено да ѝ угодува на партнерката со подароци, но не премногу со цел да не ја претвори емоционалната врска во материјална.rn

Реклама

 Бик

rnБикот сака да ѝ угодува на својата партнерка, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци и масажи, тој ќе се обиде да ѝ ја покаже својата љубов преку поддршка, грижа и одговорност. Со него ќе се чувствувате навистина сакани.rn

Близнаци

rnНе треба да очекувате од Близнаците кралски третман. Тие би ве држеле за рака и би ве љубеле со целото своето срце, но без сомнение нема да „трчаат“ околу вас за секоја ситница. Тие сметаат дека овие нешта брзо досадуваат па затоа и ги чуваат посебните изненадувања за посебни прилики.rn

Рак

rnРакот обожава да ја размазува својата партнерка, па затоа и ќе ѝ овозможи сè што сака. Тој е зависен од топлите насмевки и бакнежи што ќе ги добие за возврат. Без оглед на тоа што сакате, вашиот партнер Рак е тука да ви ја исполни желбата.rn

Реклама

Лав

rnЛавот ужива во вниманието и галењето, па затоа бидете сигурни дека така ќе се однесува и кон својата партнерка. Таа може да очекува многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за неговата партнерка да биде навистина среќна.rn

Девица

rnМажот роден во знакот Девица нема да направи ништо големо за да ви покаже колку му значите, но затоа пак, неговите суптилни гестови и размислувања ви кажуваат и повеќе од доволно. Вие сте негова принцеза и тоа можете да го забележите кога ќе ви отвори врата, кога ќе ја повлече столицата за да седнете или кога ви праќа слатки пораки за само да ви каже дека мисли на вас.rn

Вага

rnСите ние знаеме дека Вагата сака да ги задоволи сите околу себе, но таа никогаш не претерува со својата грижа. Да, таа навистина ќе се однесува прекрасно кон вас во љубовта, но никогаш нема да ве стави на пиедестал.rn

Скорпија

rnМажите родени во знакот Скорпија се интензивни и многу страсни. Иако вие ќе бидете нивни кралици, најдобро е да не очекувате многу угодувања од нивна страна. Тие не се склони на романтични гестови, но затоа во креветот ќе ве обожуваат како божици.rn

Стрелец

rnСтрелецот е авантурист што обожава да се забавува. Повремено сака слатки подароци и романтични љубовни состаноци. Тој сака да има силен однос со партнерката, но не сака да се чувствува како да е дадилка.rn

Јарец

rnЈарецот на прв поглед делува многу озбилно, тоа всушност е многу мек. Тој ќе ви се поклонува и ќе ви ја дарува целата раскош што ја заслужувате во животот. На овој начин тој ја покажува својата преданост.rn

Водолија

rnЗа Водолиите нема нешто поважно од поврзаност и вистинска љубов. За нив подароците се површни и затоа не очекувајте ги од нив. Од друга страна пак, тие сакаат да вложите ист труд во врската како и нив, и да бидете со нив затоа што ги сакате, не затоа што ве даруваат.rn

Риби

rnРибите ќе направат сè за нивната партнерка да се чувствува посебно. Тие не се скржави кога станува збор за романтика. Со нивните бајковити мечти очекувајте многу букети, отмени вечери и неочекувани патувања.

Дознајте и кои хороскопски знаци се идеални партнери за љубов, дружба и работа…

Најново

Може ќе ве интересира